Зеленски почна друго да зборува

Промената на тонот од украинскиот претседател почна да станува забележлив по американските избори и сега тој изгледа подготвен да се спогоди и за помалку отколку претходно, пишува британски Телеграф.

Весникот забележува дека по победата на Трамп пред две недели, украинскиот претседател премолчано се откажа од максималистичката амбиција да ја победи Русија на военото поле.

Минатата недела во интервју за Фокс њуз, Зеленски и за прв пат призна дека Крим, кој беше една од главните цели на неуспешната украинска контраофанзива од 2023, не може да биде вратен со сила.

„Не можеме да потрошиме десетици илјади наши луѓе и да го изгубат својот живот само за да го вратиме Крим.

Ние разбираме дека Крим може да биде вратен само дипломатски,“ изјави Зеленски.

Изјавата имаше и дополнување со ветувањето дека никогаш „нема правно да признаат која било окупирана украинска територија како руска.“

Неколку дена пред разговорот со Фокс њуз, Зеленски призна дека на Украина и истекува времето за неговиот амбициозен план да го порази Путин, бидејќи Трамп најверојатно ќе го притисне да седне на преговори.

Ова е целосна промена од досегашниот став на Зеленски дека нема да преговара со Русија и дека никогаш нема да се откаже од украинска територија.

Во септември годинава во говор пред Генералното собрание на О.Н. Зеленски порача дека „војната не може едноставно да ја снема, и затоа војната не може да биде смирена со разговори.“ Во октомври пред украинскиот парламент тој повтори дека „нема да тргува со украинска територија“.

Во анкета за Економист, 52% од анкетираните изјавиле дека сакаат да се преговара за завршување на војната. Минатата година само 27 проценти беа за тоа.

Москва моментално контролира најголем дел од Донбас во источна Украина и големи паричиња од Херсон и Запорожје регионите на југот од земјата, плус анектираниот Крим.

25 ноември 2024 - 10:57