Џани Русо е американски глумец и пејач, можеби ќе се сетите на него како на Карло Рици во филмот Кум од 1972 година.
Во 1988 година Русо држи ресторан во Лас Вегас. Една вечер влегува проблематичен тип. Галамџија, напукан со кокаин, полн пари, за десет минути прави рачун од 1.700 долари. По некое време избива кавга меѓу него и девојката која била со него, кретенот зема шише, го крши и ѝ го зарива на девојката во лице.
Русо му се јавува на својот шеф на обезбедување да дојде итно бидејќи имаат ситуација а овој му вика:
„Нема шанси да дојдам, тој е луд тип!“
Па што ти е друго работа?, си мисли Џани и решава сам да му отиде на идиотот. Му се претставува и го замолува да напушти локал а они ќе ја однесат девојката во болница и никаков проблем. Ѕверот уште има срча во рака, замавнува и го распарува Џани под брада (после го составувале со десетици копчи).
Со падната вилица и цел во крв, Џани му вика:
„Идиоте, глеј што ми направи на кошулата! Знеш ло колку долго чекав на оваа кошула!“
...и му вади еден од двата Деринџера кои стално ги носел на појас па му го става меѓу очи.
„Ги слушаш сирените кои се приближуваат? Или напуштај одма или од овде излегуваш во црна вреќа“
Ѕверот реплицира со уште едно „фак ју“ по што Џани му свирнува два од вкупно пет куршума колку што собира Деринџер. Во чело, пред 150 луѓе!
Овој не паѓа. Ко комарец да го боцнал:
„Многу беше полн со кокаин. Му требаше на телото време за да сфати (дека е мртов)“
По што Русо му го испукува рестото куруми во срце и овој конечно се струполува.
Е сега вака.
Заебаното започнува кога Русо разбира кого убил. Никој друг туку десна рака на ТХЕ Пабло Ескобар! По неколку дена дознава дека е распишан лов по него. Познавачи му викаат дека сега Ескобар прво ќе му ги убие домашните миленичиња, па блиските, па децата (тогаш имал седум) па дури на крај него.
Русо решава да му оди на Ескобар во Богота! Да проба да ја среди работата лице в лице. Му организираат средба со Пабло, овој го прима и го прашува зошто дошол. Џани му вика:
„Јас имам ќерка колку твојата. Да дознаеш дека некој сака да ја убие ќерка ти, нема да пробаш да го спречиш тоа?“
Пабло го гушнува!
Но, му бара една услуга.
Е, тоа не ви го откриваме. А никогаш не би погодиле што му побарал Пабло Ескобар на Џани Русо за да му го поштеди животот.
Инџој:
********