Во 1929 година, шеф на Депарментот за прохибиција во Вашингтон станува Хери Анслингер. Но, забраната за алкохол се претвори во катастрофа: од неа профитираа само гангстерите а самата пијачка станува сè поотровна заради условите во кои се произведуваше.
На крајот прохибицијата се укинува и Хери Аслингер се наоѓа во незавидна положба: има под себе огромен државен апарат а сега немаат што да прават. До тогаш тој е убеден дека канабисот не е проблем, дека не им штети на луѓето и дека, според неговите зборови "не постои поголема лага отколку онаа дека тој ги прави луѓето насилни".
Но, сега на неговиот департмент му треба нова причина и смисла за постоење па го менува мислењето и ѝ објаснува на јавноста што се случува кога пафкаш:
Прво, паѓаш во "гневeн делириум", па те заробуваат "фантазии со еротска содржина", потоа "ја губиш способноста за поврзани мисли" и на крајот доаѓаш до неизбежната точка: "лудило"!
Анслингер се опседнува со еден конкретен случај и го прави крунски доказ во неговата нова битка: случајот со 20 годишниот Виктор Ликата која со секира ја масакрира својата фамилија откако користел канабис.
"Ете, тоа се случува кога се пуши демонската трева!", грми тој по медиуми.
Какви медицински и научни докази имал Анслингер на почетокот на својата нова крстоносна војна? Според некои извори, тој им има пишано на 30 водечки научници прашувајќи ги дали канабисот е штетен. 29 му имаат одговорено негативно, еден одговорил позитивно.
Се разбира, овој го земал само неговото мислење и го користел како научна поткрепа на барањето за забрана на канабисот.
Случајот станува национален проблем, американските родители се избезумени. Во таква хистерија се донесува забраната кој потоа САД им ја наметнуваат и на други земји.
Некои од нив во прво време не го прифаќале притисокот. Мексико, на пример, кој тврдел дека регулирањето на канабисот треба да им се остави на докторите. Што прави Америка кога е лута што не ја слушаат? Го пресекува извозот на легални аналгетици во Мексико што создава хаос по болниците и државата по некое време попушта.
Децении подоцна, некој се сетил да погледне уште еднаш во медицинските и истражни фајлови на случајот со Виктор Ликата.
Дечкото воопшто не користел канабис.