Ова претставува и официјална промена на руската нуклеарна доктрина како одговор на дебата во САД и Британија да и се даде дозвола на Украина да гаѓа длабоко на руска територија со западни ракети со голем домет.
Главната измена се однесува на спојување на делото на напад на Русија на државата што го извршила тоа со државата која снабдила.
Откако пред неколку месеци успеа да измоли ракети со голем домет со ветување дека тие нема да ја преминат украинската граница, изминатиов период Зеленски и Украина вршат притисок врз Британија и САД да им дадат дозвола да ги искористат ракетите за гаѓање мети длабоко на руска територија.
Еден од аргументите на украинската страна е дека западот треба да ги батали црвените линии на Москва и дека „Русија повеќе нема ниту еден инструмент за заплашување освен нуклеарната уцена.“