Орбан во Москва

Неколку дена по посетата на Киев, унгарскиот претседател пристигна во Москва каде што треба да се сретне со Путин. Посетата на Русија се случи само 5 дена откако Унгарија го презема претседателството на Советот на ЕУ.

Орбан, сам, прв соопшти дека денеска слетал во Москва, а посетата според него е дел од мировна мисија, откако пред неколку дена со иста мисија беше и во Киев:

Деновиве прво како шпекулација веста за посетата на Москва прво ја објави унгарскиот Всквер, а потоа и Фајненшл тајмс и Радио слободна Европа, кои најавија дека Орбан ќе биде придружен од министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

По објавувањето на информацијата веднаш се огласи ЕУ бирократијата, актуелна и поранешна. Претседателот на советот на Европа, Чарлс Мишел на Икс пишува дека ротирачкото претседателство нема мандат да контактира со Русија во име на ЕУ, и дека останува ставот дека Русија е агресор.

Полскиот премиер се чудеше на Икс дали се точни гласините, а финскиот премиер го потсети Орбан дека нема мандат да преговара и дискутира во име на ЕУ.

Неделава Орбан беше во изненадна посета на Киев каде на Зеленски му предложи итен прекин на огнот. Украинскиот претседател не го коментираше јавно предлогот.

Од кабинетот на Орбан објаснуваат дека им е јасно дека тој не може да зборува во име на Советот и дека посетите и разговорите се во негово лично име.

5 јули 2024 - 12:35