„Мојот научен пресврт се случи откако се соочив со убедливо робусен доказен материјал кој беше во спротивност со сè за што верував дека е вистина во врска со оптималната исхрана за третман и превенција на сериозни болести како што е дијабетот, дебелината и срцевите заболувања. Почнав да се сомневам дали она што моите професори од медицина ме учеа како несоборливи прехранбени вистини не се митови, или можеби, лаги....
Предизвикав две сериозни догми: за улогата на јагленохидратите во исхраната и хипотезата дека заситените масти водат кон срцеви заболувања. Очекував моите колеги од медицинската професија да бидат заинтригирани. Дека ќе ги занима што е тоа што ме натерало да го сменам мислењето. Дека ќе бидат расположени за отворен научен дијалог базиран на факти. Не можеше повеќе да згрешам...“
Во 2012 година против професорот Том Ноакс е покренат процес поради неговото сомневање во доминантните прехранбени уверувања. Кога после истражувања и проучувања на темата, тој на глава ја превртува познатата прехранбена пирамида, истото се случува и со неговиот живот. Доживува брутални и лични и професионални прогони и упорни обиди да биде замолчен. Половина деценија е под истрага на Советот на здравствени професионалци во Јужна Африка заради непрофесионална работа. Конечно го добива случајот во 2017 година и ја пишува нигата „Ука за исхраната“, обелоденувајќи го медицинскиот и научен „завет за молчење“ во врска со нутриционизмот.
Последните неколку децении од конвенционалната „јаглено-хидрати - да, масти - не“ исхрана доведоа до епидемија ја дебелина и дијабетес. Таа теорија е заснована врз псевдо-науката на Ансел Кис, кој во 1950-тите ќе поведе војна против мастите опишувајќи го бојното поле: „Средовечни мажи, навидум комплетно здрави, паѓаа мртви.“
Биохемичарот Кис бил своевиден Ентони Фаучи во ерата на Ајзенхауер. Кога претседателот доживува инфаркт, тој без резерва посочува на непријателот: заситените масти.
Потоа селективно одбира податоци од неколку земји кои ја потврдуваат неговата веќе утврдена вистина, истовремено игнорирајќи ги варијаблите кои би му ја расипале замислата. Тие негови студии со хендикеп стануваат меинстрим „вјерују“ и со помош на властите и корпорациите се преточуваат во прехранбени упатства и и протоколи кои прават невидена штета на здравјето на популацијата.
„Во комплетно ист манир, псевдонаучни публикации околу ефикасноста на фармацевтските интервенции за ковид како што се локдауните, задолжителните маски и дистанцата се темелат на селективно избрани податоци од некои земји, игнорирање на други варијабли и штимање на информациите за да му одговараат на популарниот наратив,“ вели Кејт Ванд, членка на ПАНДА (Pandemics ~ Data & Analytics).
Таа повлекува паралели меѓу фармацевтската и прехранбената мафија.
„Апчињата за крвен притисок и дијабетес ги победија фактите околу исхраната и можната превенција. Слично на тоа, ковид вакцини за секого, недискриминирачки, вклучително и за здрави деца со екстремно нисок клинички ризик го победуваат знаењето за Т - клетките и имуниот систем,“ пишува Кејт Ванд предупредувајќи дека како што погрешните нутриционистички насоки доведоа до епидемија на дијабетес, неискреното третирање на фактите околу ковидот може да доведе до епидемија на физички, психолошки и емотивни болести.