Бидејќи оставката ги потврди републиканските обвинувања дека Бајден не е во когнитивна состојба да служи како претседател, тој треба да се откаже од позицијата па макар и на пола година пред крај на мандатот.
„Ако Џо Бајден не е способен да се кандидира за претседател, тогаш тој не е способен ни да служи како претседател.
Тој мора веднаш да даде оставка. 5 ноември не може доволно брзо да дојде,“ порачал Спикерот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон.
Во соопштението дека се повлекува од трката, Бајден порача дека ќе остане во Белата куќа до крајот на својот мандат во јануари 2025.
На сличен став се и други републиканци, а Трамп по соопштението на актуелниот американски претседател порача дека Бајден од самиот почеток не бил способен да ја води државата, меѓутоа тој не повикал на негова оставка.
Дел од републиканците порача дека Бајден треба да биде присилен да ја напушти Белата куќа и тоа по основа на 25 амандман од американскиот Устав, кој предвидува замена на претседателот ако тој не е способен да ги исполни своите должности. Овој амандман никогаш до сега не е употребен, меѓутоа критичарите на Трамп се повикуваа на него во времето кога сакаа да го отстранат од Белата куќа.
За многумина пресудно за крајот на кандидатурата на Бајден беше неговата дебата против Трамп од 27 јуни, каде американскиот претседател воопшто не се снајде и „ја изненади целата држава и ги остави луѓето да се чудат дали тој може да служи како претседател уште четири години“.
Само неколку часа пред Бајден да објави дека се повлекува, ЏД Венс, сенаторот што Трамп го избра за свој потпретседателот порача:
„Повлекување од трката би било јасно признавање дека Претседателот Трамп цело ова време беше во право дека Бајден не е ментално способен да служи како претседател на САД.
Џо Бајден е најлошиот претседател во мојот живот, а Камала Харис беше одма до него за цело време.“