Бајден немал закажано никаков јавен настан во 43-те од 75 денови по повлекувањето од претседателската трка. Аксиос ова го толкува како „одраз на непопуларноста на 81 годишниот претседател и ограничувањата предизвикани од неговата возраст како што се приближуваат неговите последни три месеци на власт.“
Самата Камала не го споменува Бајден нешто посебно често на своите митинзи, а до сега имала само еден настан заедно со американскиот претседател на неколкуте официјални настани што ги одржала во Вашингтон.
Идентично повлечена е и првата дама Џил Бајден која не се појавува на настани од кампањата, а ни тимот на Харис нема побарано нејзино присуство.
Анализата на распоредот на Бајден покажала дека од неговото повлекување од трката, тој имал само два јавни настапи пред 11 часот наутро, ниту еден пред 10 часот и пет настапи по 17 часот.
Со еден исклучок, сите јавно закажани повици и средби со останатите светски лидери се случуваат меѓу 11 и 17 часот. Дури пред катастрофалната дебата со Трамп, соработниците на Бајден изјавуваа дека тој главно е достапен меѓу 10 часот наутро и 16 часот на пладне.
Од Белата куќа порачуваат дека Бајден неделава планирал да се приклучи кон кампањата, но тоа било одложено заради Ураганот Хелена.
И покрај тоа што претседателската кампања на Харис во најголем дел се потпира на изборната инфраструктура поставена од Бајден и тимот за негов реизбор, таа во најголем дел се одвива вон влијанието и појавата на американскиот претседател.
Моментално Бајден има понизок рејтинг (40,6%) отколку Трамп (43,2%) на крајот од неговиот мандат, во време на пандемија. Нешто слично потврдуваат и онлајн статистиките според кои јавниот интерес за претседателот на САД е на најниско ниво од почетокот на неговиот мандат.