Бајден ќе вработува менаџер за мемиња

Ненамерно потврдувајќи го мемето „левицата не знае да прави мемиња“, кампањата за реизбор на американскиот претседател Џо Бајден отвори работна позиција менаџер за мемиња со плата од 85.000 долари.

Еден од огласите објавен од кампањата на Бајден е за позицијата Менаџер за партнери, содржини и мемиња, а во нејзиниот опис стои одржување на односи со подкастери, дигитални медиуми и големи меме страници.

Целта на кампањата на Бајден е преку меме страниците да стигне до младите гласачи од Ген 3, кои се најголемата публика за мемиња на интернет.

„Се што се обидуваме да направиме е на креаторите да им пренесеме информација за тоа што се Џо Бајден има направено и каков му е планот за вториот мандат.

Креаторите потоа ќе ја преземат таа информација и ќе видат како таа се вклопува со другата содржина што ја прават,“ изјавил постариот советник за дигитално убедување на кампањата на Бајден, Кларк Хамфри.

За Бајден се покажа дека е посебно проблематично да го привлече вниманието на младите гласачи, кои на анкетите дури и кога не биле против американскиот претседател не биле свесни за неговите достигнувања и политики, како борба против климатските промени. Но затоа добар дел биле запознаени со начинот на кој Бајден се поставил во Газа и не биле задоволни од истото.

За добивање на работната позиција потребно е две до четири години работно искуство со видео, медиуми или во забавната индустрија, искуство со дигитални медиуми и задолжително преселување во градот Вилмигтон во сојузната држава Делавер.

28 мај 2024 - 14:22