Таг: американски претседателски избори 2024

Уште не се пропаднати сите шанси за Камала да биде претседател

Пукнати да ја видат својата пуленка како претседателка на САД, Си-ен-ен најде начин како и на нив да им пројде меракот Камала да биде претседателка, а и Трамп да го отслужи мандатот. Како и во јули, така и сега, целата нивна среќа е во рацете на Бајден.

Камала во сите држави била бетер од Бајден во 2020

Во ниту една сојузна држава Камала Харис не успеала да собере повеќе гласови отколку нејзиниот шеф во 2020. На локално ниво има по некоја област во која го претркала, меѓутоа на сојузно се 50 спрема 0.

Како Трамп ги собра гласовите

Милиони од гласовите што завршија на контото на Трамп не се за него директно, туку се против десетици работи што изминативе години беа натурани како нормални и разбирливи.

11.000 политички групи потрошиле 14,7 милијарди долари на изборите во САД

Бројките се од Федералниот изборен комитет, a во овие 11.000 групи влегуваат само оние кои потрошиле над 100.000 долари на изборите, со што се опфатени 99% целата потрошувачка на изборите.

За граѓанска војна е потребна една четвртина?

На анкета спроведена на две недели пред изборите во САД, повеќе од една четвртина од испитаниците изјавиле дека стравуваат дека по претседателските избори ќе избие граѓанска војна во земјата.

Економист ја правда предноста на Трамп во нивните анкети

На две недели пред избори кандидатот на републиканците успеа да ги сврти анкетите и сега е во мала предност пред Камала за прв пат од август годинава, предност која и Економист мораше да ја признае.

Камала собрала 500 милиони долари во донации за еден месец

Откако објави дека се кандидира за претседател на САД, кампањата на Камала Харис успеала да собере 500 милиони долари во донации, сума што е без преседан во досегашната историја на САД.

Камала потрошила 10 пати повеќе на дигитални реклами од Трамп

Откако Џо Бајден се откажа од претседателската трка на 21 јули, Камала Харис потрошила 57 милиони долари само на реклами на Гугл и Мета, споредено со околу 5,6 милиони потрошени од Трамп.

Екипата на Трамп пресреќна со изборот на Тим Волц за потпретседател на Камала

Изборот на партнер на Камала за ноември прво го поздрави Доналд Трамп со пораката „Фала ти“ објавена на Трут соушл, а зад сцената неговите сојузници се воодушевени што нивен противкандидат е гувернер со долгогодишно неспорна либерална наклонетост и досие на гласање.

Обама не верува многу во успехот на Камала

Поранешниот американски претседател се уште ја нема поддржано Камала Харис, а тоа е затоа што тој не мисли дека таа ќе може да го победи Доналд Трамп, тврдат извори блиски на семејството на Бајден.

Како да се одизбере претседател

Бајден успеа брзо и одлучно да го одбие првиот посериозен јавен напад од демократите да се откаже од претседателската кандидатура. Како што тој не се откажува, така од намерата да го сменат не се откажуваат ни високи функционери од времето на Обама и Клинтон.

Џорџ Клуни го пушти Бајден низ вода

Пред само неколку недели, Бајден не присуствуваше на мировниот самит за Украина во Швајцарија за да биде на вечера за собирање пари за кампања на која еден од организаторите и главните гости беше Џорџ Клуни.

На демократите мил им е Бајден, ама помил им е мандатот

Десетици конгресмени од демократите размислуваат да потпишат писмо во кое ќе побараат повлекување на Бајден од трката од страв дека заради него ќе ја изгубат контролата врз Конгресот.

Камала?

Доколку американскиот претседател предвремено ја заврши изборната трка, неговата потпретседателка би била јасен фаворит за Демократската партија и покрај нејзините политички слабости, пишува Вол стрит журнал.

За да и служи на својата земја, претседателот Бајден треба да се повлече од изборите

Претседателот Бајден во повеќе наврати и точно го опиша влогот на годинешните претседателски избори како ништо помалку од иднината на американската демократија, се наведува во едиторијалот на Њујорк тајмс.

Мигранти без државјанство на големо добиваат формулари за гласање во САД

Канцелариите за социјална помош и други агенции во 49 американски сојузни држави почнале да им издаваат формулари за гласање на изборите во ноември на мигранти без воопшто да им побараат доказ за американско државјанство.

Бајден ќе вработува менаџер за мемиња

Ненамерно потврдувајќи го мемето „левицата не знае да прави мемиња“, кампањата за реизбор на американскиот претседател Џо Бајден отвори работна позиција менаџер за мемиња со плата од 85.000 долари.

Сорос донираше 60 милиони долари за ултра-прогресивните кандидати и каузи

Се работи за втората по големина донација што американските Демократите ја добиле во досегашниот дел од кампањата за изборите закажани за ноември 2024.

Хилари побара да не се запиња за годините на Бајден

Луѓето треба да ја „прифатат реалноста“ дека Бајден е стар човек, и да го надминат тоа и да се фокусираат на поразување на Трамп, е пораката на Хилари Клинтон до сонародниците.