Од почетокот на годината, Харис плус Бајден имаат потрошено вкупно 139 милиони долари на реклами на технолошките платформи, споредено со 22,5 милиони на Трамп и неговите сојузници.
Разликата делумно се објаснува и со тоа дека кампањата на Трамп одлучила парите да ги истури во традиционални медиуми.
На претходната кампања во 2020, Трамп до овој период на трката имаше потрошено 91 милион долари на рекламирање, а вкупно до денот на изборите 275 милиони.
Успешноста на стратегијата на Трамп е сомнителна за повеќе експерти, според кои „не изгледа дека тој игра игра која ќе доведе до успех на денот на изборите.“
Трамп моментално се соочува и со пад на донациите од мали донатори (до 200 долари), кои сега учествуваат со 40% во вкупните средства собрани од неговата кампања, наспроти 61% во 2020.
Процената на адвертајзинг експертите е дека намаленото трошење од страна на Трамп на дигитални реклами „го отсликува неговото потпирање на бесплатниот публицитет што го добива преку појавувањата во јавност“.
Поранешниот политички стратег и директор за избори во Фејсбук, Кејти Хабарт, објаснува дека изборните реклами на Фејсбук изгубиле значење:
„Мета конкретно направи промени со кои политиката се деприоритизира, и сега нуди помалку опции за тоа како да ги микротаргетираш корисниците со вакви реклами.
Од она што го слушам рекламите на Фејсбук немаат така добри резултати за собирање мејлови и донации.“
Најголемиот дел од рекламите на Харис се барања за донации.
На телевизија и радио Харис, сосе Бајден, до сега има потрошено 286 милиони долари. Трамп 187 милиони.