Периодот за кој се разговара се четирите седмици по 21 јули, денот кога Џо Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка, а Камала неофицијално стана кандидат на Демократите.
Случајно или темпирано, во последните седмици од кандидатурата на Бајден (по дебатата со Трамп) донаторите речиси целосно ги секнаа донациите за неговата претседателска кампања, за истите да се пуштат на најсилно дента кога беше објавено неговото повлекување.
Од овие 500 милиони, само во првата недела Камала успеа да собере 200 милиони долари донации.
Ако се сметаат и парите што Бајден ги собра пред повлекувањето, тогаш вкупната сума е 1 милијарда долари во донации за овие два кандидати.
Кампањата на Трамп во јули собра речиси 139 милиони долари, и располага со дополнителни 327 милиони.