Иако најголемиот дел од елитата на демократската партија инстантно се построи зад Камала по наглото повлекување на Бајден, упадливо е што на тој список го нема Обама.
„Обама е многу вознемирен затоа што знае дека таа не може да победи. Обама знае дека таа е некомпетентна, беше одговорна за границата а ниту еднаш не ја посети границата, и даваше изјави дека сите мигранти треба да имаат здравствена заштита. Таа нема да може да се снајде со нагазните мини што ја чекаат на патот.
Кога се кандидираш за претседател има работи кои можеш да ги кажеш и не можеш да ги кажеш,“ го пренесува Њујорк пост својот извор од семејството на Бајден.
Наводно по повлекувањето на Бајден, Обама сакал на конвенцијата во август за демократски кандидат да биде предложен сенаторот од Аризона и поранешниот астронаут Марк Кели.
Позицијата на Обама била веднаш нападната од високи демократи кои го критикуваат дека поранешниот претседател сега се лутел што не е по негово, и дека Обама е изненаден од „паметна политичка одлука“ затоа што тој како човек „во политиката не гледа подалеку од неговите интереси.“
„Тој секогаш мисли дека е најпаметниот и најкул човекот во собата. Сепак тој е другар со Џорџ Клуни,“ порачал изворот од демократите.
Наводно Обама е човекот кој во 2016 го убедил Џо Бајден, како актуелен потпретседател на САД да не се кандидира на претседателските избори, туку да и го отстапи местото на Хилари.