Моментално на постои никакво законско барање дека за федералните формулари за гласање потребен е доказ за американско државјанство, иако при гласање на федералните избори е нелегално да се тврди дека си државјанин ако не си.
„Меѓутоа милиони мигранти со хуманитарен статус, бегалци или азиланти се квалификувани за бенефиции кои ги добиваат во канцелариите во кои се регистрираат гласачите.
Националниот закон за регистрација на гласачи од 1993 им нареди на сојузните држави да ги регистрираат гласачите во Одделот за моторни возила и во агенциите во кои Американците аплицираат за социјална помош - и овие канцеларии со федерален закон за задолжени на секого што ќе влезе да му ги предадат документите за регистрација за гласање заедно со апликацијата за помош.
Ако апликант каже дека е американски граѓанин, тоа се смета за валидно и лицето е регистрирано за гласање,“ пишува Њујорк пост.
Републиканците се обидуваат да го спречат очекуваниот бран нелегални гласачи на изборите со закон во кој ќе се бара секој да покаже доказ за државјанство кога ќе сака да се регистрира за гласање. За левицата ваквиот закон и општо барањето документ претставува „поткопување на довербата во изборниот процес.“
Њујорк пост пишува дека изминативе години федерални и сојузни истраги, како и ревизии покажале дека илјадници не-државјани биле регистрирани како гласачи во САД.
Се очекува дека мандатот на Бајден ќе заврши со околу 8 милиони бегалци кои влегле во земјата од 2021.