Уште не се пропаднати сите шанси за Камала да биде претседател

Пукнати да ја видат својата пуленка како претседателка на САД, Си-ен-ен најде начин како и на нив да им пројде меракот Камала да биде претседателка, а и Трамп да го отслужи мандатот. Како и во јули, така и сега, целата нивна среќа е во рацете на Бајден.

Како од пушка, политичкиот коментатор на Си-ен-ен, Џамал Симонс, изјавува „Џо Бајден беше феноменален претседател“, за потоа да му накачи уште една обврска на 81-годишниот претседател, да биде „транзициска фигура“.

Како да го направи тоа?

„Тој треба да даде оставка на својата позиција во следните 30 дена и да ја назначи Камала за претседателка на САД,“ изјавува Симонс.

Тој објаснува дека со ова Бајден ќе го исполни своето „последно ветување“ дека Камала Харис ќе биде 47-ма претседателка на САД, а „Трамп ќе мора сè да ребрендира, и ќе и олесни на следната жена кандидат за претседател, да не мора да го носи товарот да биде прва претседателка на САД.“

12 ноември 2024 - 11:01