„Некој пред неколку дена ми рече... 'да, ама знаеш, Џо Бајден е стар'. Реков 'знаеш што, Џо Бајден е стар. Ајде сега да продолжиме и да ја прифатиме реалноста. Џо Бајден е стар.' И сега имаме избор меѓу еден кандидат што е стар, но ефикасно ја заврши работата и не е закана за нашата демократија. И имаме друг кандидат кој е стар, но нема логика кога зборува, опасен е и е закана за нашата демократија...
... Значи треба да избереш меѓу двајца стари и да видиш како твојот избор ќе ја спаси нашата демократија,“ порачала Хилари.
Хилари не коментирала ништо околу проблемите со менталниот капацитет на Бајден, но затоа потсетила дека и Трамп има проблеми со сеќавањето, кој според нејзе „лупа без везе, и не може да се сети против кого е кандидиран. Постојано зборува дека Барак Обама му е противникот.“
Според Хилари, веројатноста Камала Харис да биде избирана за претседател е многу попроблематична за американскиот гласач, кој попрво би гласал за Бајден со сите негови слабости, отколку за Камала, главно заради нејзиното потекло и тоа што е жена.
Нова анкета на Њујорк тајмс покажала дека 61% од лицата кои гласале за Бајден во 2020, се согласиле со тврдењето „Џо Бајден е премногу стар за да биде ефикасен претседател.“