Овој став е речиси рамномерно раширен кај симпатизерите на двете партии, по 27%. Поделено на полови стравот го имаат 30% од жените и 24% од мажите.
12% изјавиле дека познаваат некого што би се фатил за оружје доколку помислат дека Доналд Трамп изгубил заради измама или местење. 5% истото го изјавиле за Камала.
За 84% од испитаниците САД се повеќе поделени отколку пред десет години.
Една од најпроминентните историчарки на тема Граѓанската војна во САД, Барбара Волтер, во својата книга од 2022 пишува дека ако се мери според критериумите кои можат да доведат до војна „САД се влезени во многу опасна територија“. Таа алармира „поблиску сме до граѓанска војна отколку што кој било сака да верува,“ а причини за тоа, меѓудругото, се политичкиот екстремизам, ширењето на оружја и појавата на милиции, и ерозијата на довербата во владата и демократијата.
Вкупно 66% од анкетираните не веруваат дека Трамп би прифатил пораз со мала разлика, споредено со 27% кои го претпоставуваат тоа за Харис.