11.000 политички групи потрошиле 14,7 милијарди долари на изборите во САД

Бројките се од Федералниот изборен комитет, a во овие 11.000 групи влегуваат само оние кои потрошиле над 100.000 долари на изборите, со што се опфатени 99% целата потрошувачка на изборите.

Овој куп опфаќа од официјалните кампањи и групи подржани од милијардери, до мали групи со ниш интереси.

На топ 100-те групи отпаѓаат 64,6% од сите пари потрошени на овие избори, а границата за влегување во топ 10 се донации од 259 милиони долари.

Од 10-те најголеми донатори 7 се за Камала (вклучително и првите двајца), а три за Трамп. Овие 7 на Камала и испорачале 3,054 милијарди долари, а тројката на Трамп донирала 1,010 милијарди долари.

Севкупно, групата зад официјалната кампања на Камала, „Харис за Претседател“ успева да собере донации во износ од 875 милиони долари. Наспроти нејзе официјалната кампања на Трамп, „Доналд Трамп за претседател 2024“ собира 355 милиони долари.

5 ноември 2024 - 10:14