Еден од стравовите на републиканците беше дека Камала ќе го избере Џош Шапиро, централно наклонетиот гувернер на Пенсилванија, која е една до најважните неодлучени сојузни држави.
„Наместо да избере кандидат со харизма и умерено резиме, Камала попушти пред Хамас крилото и избра црна дупка од харизма со долго резиме на поддршка на екстремни либерални политики и минато на блиски односи со Кина.
Волц е реприза на Тим Кејн, со ништо не придонесува кон ливчето,“ изјавил извор близок на кампањата на Трамп, алудирајќи на изборот за потпретседател на Хилари во 2016.
По оставката на Бајден работите кај демократите не тргнаа како што се надеваше Трамп, кој очекуваше внатрешни борби за вадење на кандидат. Демократите не само што брзо се решија за Камала, туку и инстантно се построија, и со поддршка и со пари, зад потпретседателката која до пред само еден месец го имаше еден од најлошите рејтинзи и беше речиси идентично презирана од двете партии.
Републиканската процена е дека демократите направиле сериозна грешка со тоа што го избрале Волц, наместо Шапиро, кој според нив е најдобриот кандидат што демократите го имаат и кој ја држи клучната Пенсилванија.
Тие сметаат дека Харис - Волц е најпрогресивниот пар што се појавил на американските избори од Мондејл - Фераро, кои стравично изгубија од Реган и Буш во 1984.
„Тие се интересен пар бидејќи Тим Волц дозволи демонстрантите да го запалат Минеаполис во летото 2020, а и оние малкумина што беа фатени, Камала Харис помогна да се извадат од затвор,“ е коментарот на изборниот партнер на Трамп, Џ.Д Венс.