Договорот потпишан за време на Г7 самитот ги обврзува и следните американски администрации да продолжат со поддршката за Украина, без разлика дали победил Бајден или Трамп се вратил во Белата куќа.
Се работи за рамка за долгогодишна помош за развивање и унапредување на застарените вооружени сили на Украина, што пак треба да помогне кон нивно евентуално членство на НАТО.
Зеленски одамна го бара членството на НАТО меѓутоа сојузниците одбиваат негово приклучување кон Алијансата, делумно и затоа што членството на Украина би значело почеток на војна меѓу НАТО и Русија, заради членот 5 според кој напад на една членка на сојузот е напад на сите членки.
Освен снабдувањето оружје, двете држави според договорот ќе држат заеднички обуки, воени образовни програми и заеднички воени вежби, и ќе работат на унапредување на украинската воена индустрија.