Таг: владимир зеленски

Путин му понуди азил на Зеленски

Според Путин, украинскиот претседател веројатно ќе биде вдомен од некој од неговите западни сојузници, но ако до таму му дојде зорт и Русија би го прифатила како политички азилант.

Како по 3 години војна издиша популарноста на Зеленски

Човекот што успеа да го собере цел Запад зад себе, и на зборови и на пари и на дела, и да ја води Украина во најтешките денови на окупацијата, моментално се наоѓа на дното од својата популарност, а најголемиот дел од гласачите би сакале тој да не бара втор мандат.

Најмрачниот час за Украина

Во време кога Зеленски се враќа дома без дозвола за гаѓање на Русија и соочен со запрена инвазија на Курск и руско напредување на истокот, Фајненшл Тајмс пренесува изјави од украински команданти дека тие веќе се за преговори.

Инвазијата на Русија е најризичниот потег на Зеленски

Во нешто што е најблиску што ќе го добиеме како перење на Западот од каква било поврзаност со украинската инвазија на Курск, британски Тајмс ја почнува анализата на украинската операција со пораката дека „таа целата е со отисоци од украинскиот претседател“.

Бајден и Зеленски потпишаа 10-годишен договор за одбрана

Следните десет години САД со договор ќе биде обврзан да ја помага одбраната на Украина, а во меѓувреме да помага и за нејзино приближување кон НАТО.

Помошникот на Зеленски што владее со Украина

Како што истекуваше мандатот на Зеленски така се повеќе високи украински владини функционери, претставници на одбранат и дипломатски извори, се испаничени од власта и овластувањата што ги има шефот на кабинет на претседателот, Андриј Јермак, пишува британски Тајмс.

Март или април, рокот за Џонсон да ја спаси Украина

Кога во декември Владимир Зеленски има состанок со спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мајк Џонсон е неполни два месеца на таа позиција. Тогаш Зеленски јасно му кажува дека Украина може максимум до март или април да ги издржи руските напади. Џонсон ја донесе помошта за Украина на една недела пред крај на рокот.

Дилемата на Зеленски: како да се соберат нови луѓе за војска?

Од јуни месец Зеленски на маса го има предлогот на украинската армија за мобилизирање на дополнителен број Украинци во вооружените сили. До сега тој го издржува притисокот на војската да го потпише истиот.

Зеленски најави јуриш

Деновиве украинскиот претседател им се обрати на западните лидери убедувајќи ги дека контраофанзивата против Русите кај да е „ќе забрза“ откако главните донатори почнале да се секираат околу бавното темпо на операцијата.

А да кажеше фала?

Поплаката на украинскиот лидер за тоа што земјата не доби никаков конкретен датум за приклучување кон Алијансата му даде шанса на Западот да го направи тоа што најдобро го прави - да биде навреден.

Бахмут ги спука Зеленски и Залужни?

На ниту едно место во Украина до сега не загинаа толку војници и на ниту едно место Русите не се толку упорни со својата „мелница за месо“ тактика и ниту едно друго место не предизвика толку внатрешни дебати во Украина како Бахмут. Германски Билд тврди дека ова го зафати и највисокиот врв на Украина, претседателот на земјата и првиот човек на генералштабот.