Додека едниот командант кој учествува во одбраната на Покровск, објаснува дека во моментот е тешко да се замисли враќањето на границите од 1991 и дека негова главна задача сега е како да ги спаси своите луѓе, а не Покровск, другиот порачува дека е време за преговори, бидејќи ова веќе тера накај вечна војна. За офицер на 72-та Механизирана бригада, Украинците се готови ако САД решат да ја згаснат славината.
ФТ пишува дека ова се најтешките моменти за Украина во целата војна. На исток тие губат територија од Русите, додека во исто време имаат проблем да ги надополнат позициите на загинатите војници со мотивирани и добро обучени регрут. Згора на се претстои зима со сериозни проблеми со струја и греење.
Домашните проблеми и неуспесите на терен за Зеленски се надополнети со зголемен притисок од Западот како знае да најде пат кон преговори со Русија, и покрај свесноста дека другата страна можеби и не волна да ги започне истите, и дека Украина моментално има премногу слаба преговарачка позиција.
За да не завршат тука проблемите за Украина и Зеленски, на глава им виси и можноста Трамп да ги добие изборите во ноември и да го притисне Киев по секоја цена да прифати мировен договор, под закана дека ќе им укине и воена и финансиска помош.
Во моментов Европа никој ништо не ја прашува, бидејќи тамошните најзакоравени поддржувачи на Зеленски нема да можат да ја пополнат дупката оставена од евентуалното повлекување на САД.
Обидот на Зеленски да биде добар со двете страни во изборите во САД, заврши на чекор од катастрофа откако неговите средби со Бајден и Камала беа отворено критикувани од Трамп, а неговата посета на фабриката за оружје во Пенсилванија беше бојкотирана од републикански законодавци.
„Не беше триумф. Не беше катастрофа,“ е оценката на еден украински функционер за американската турнеја на Зеленски.
На крај Зеленски го напушти Вашингтон без никаков успех на две клучни теми: дозвола за ракетирање на руска територија со западно оружје со голем домет и зачленување во НАТО.
Американците во исто време беа неимперсионирани од „планот за победа“ на Зеленски, кој вклучуваше и барање за исклучително големи количества оружје од западот.
ФТ пишува дека европски дипломати кои беа на Генералното собрание на О.Н. во Њујорк изјавиле дека постои осетлива промена во тонот и содржината на дискусиите околу потенцијалната спогодба.
„Тие чувствуваат поголема отвореност од украинските функционери да дискутираат околу можноста за договарање прекин на огнот дури и додека руските сили остануваат на нивна територија, и има поискрени разговори меѓу западните функционери за итноста на постигнување договор,“ пишува ФТ.
Така, новиот украински министер за надворешни работи, Андрии Сибиха, ги искористил приватните средби со западните колеги за разговарање околу потенцијалните решенија за компромис.
Украинските цивили, вклучително и оние далеку од фронтот, имаат се поголеми потешкотии да живеат во воени услови. Сето ова ќе се влоши зимава, кога до израз ќе дојдат последиците од постојаното уништување на енергетската мрежа на Украина од страна на Русија. Се проценува дека Украина има дефицит од 6 гигавати, односно една третина од пикот на зимската потрошувачка. Украина е се позависна од трите преостанати нуклеарки, па во случај Русија да нападне некоја од потстаниците на овие електрани, тоа би предизвикало колапс на енергетскиот систем на земјата, заедно со греењето и водоснабдувањето.
Извор на тензии во земјата е и мобилизацијата, која станува се побезмилосна и сурова, со неброени примери на мажи кои се буквално киднапирани од улица, за по некое време да се вратат од фронт како лешеви.
Во анкетите Украинците иако се повеќе се за преговори, мнозинството останува против можноста за какво било формално откажување од територија. ФТ забележува дека моменталната бројка изнесува 55% од Украинците, наспроти 87% на почетокот од 2023. Истите анкети покажале и дека Украинците се подготвени за отстапки на територија во замена за членство во НАТО.
Токму членството во НАТО е една од ретките работи кои моментално изгледаат помалку веројатни од враќање на границите од 1991. Дури и оние членки кои се подготвени да ја примат Украина во организацијата, наспроти сите ризици, прво бараат траен прекин на огнот и дефинирана граница која ќе утврди кој дел од украинската територија ќе треба да биде бранет од НАТО.
Најчестиот одговор за ова е преземање на моделот на Западна Германија, која со децении беше членка на алијансата, без да се земе предвид истокот.
Дури и ова некако магично да мине во американскиот Конгрес, тоа ќе бара исклучително бројна американска војска и опрема, која земјата не може да си ја дозволи во време кога главниот фокус и е на заканата од Кина. Ваквото членство секако ќе бара дозвола и од Русија, за која има минимална веројатност дека ќе биде дадена.
Сега се чека последната посета на Бајден на Европа закажана за 12 октомври. Наводно постојат знаци дека Бајден е подготвен да го унапреди статусот на прашањето за украинското членство во НАТО пред крајот на мандатот во јануари.