- Со 42 милиони жители, индонезискиот главен град Џакарта изби на врвот на новата светска ранг-листа со најнаселени урбани центри. На претходната листа во 2018 година, Џакарта беше на 33 место, а на првото беше Токио.
- На новата листа, меѓу десетте најнаселени градови во светот дури девет се од Азија, плус Каиро од Африка. Нема ниту еден мегалополис од САД, Европа или Јужна Америка.
- Десетте најнаселени градови се:
1. Џакарта (Индонезија) - 41,9 милиони
2. Дака (Бангладеш) - 36,6 милиони
3. Токио (Јапонија) - 33,4 милиони
4. Њу Делхи (Индија) - 30,2 милиони
5. Шангај (Кина) - 29,6 милиони
6. Гуангжу (Кина) - 27,6 милиони
7. Каиро (Египет) - 25,6 милиони
8. Манила (Филипини) - 24,7 милиони
9. Калкута (Индија) - 22,5 милиони
10. Сеул (Јужна Кореја) - 22,5 милиони
- Се очекува второрангираната Дака да се пробие на врвот до средината на овој век, со над 52 милиони жители.
- Почина театарската, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова, соопшти Драмски театар, нејзината матична куќа. Имаше 77 години.
- Нејзиниот талент, сценска присутност и човечка топлина оставија неизбришлива трага на сцената и во срцата на публиката. Со секоја улога таа внесуваше искреност, емоција и посветеност, градејќи ликови кои долго ќе се паметат. Нејзината насмевка и ведриот дух беа светлина зад сцената, а нејзината професионалност пример за генерации актери, напишаа колегите.
- Делова играла во 60-тина претстави во Драмски театар, а глумеше и во над 30 филмови.
- Луѓето кои користеле канабис во која било фаза од својот живот имаат поголеми волумени во мозочните региони поврзани со меморијата, учењето и извршните функции.
- Користејќи податоци од над 25.000 луѓе на возраст меѓу 40 и 77 години, истражувачи откриле дека умерената употреба на канабис во текот на животот е во корелација со зголемување на големината на четири битни региони во мозокот - хипокампусот, амигдалата, каудатното јадро и и путаменот.
- Со оглед на тоа што овие мозочни региони се поврзани со клучни атрибути како што се емоциите, моторната контрола и меморијата, истражувачите решиле да истражат како употребата на канабис влијае врз когнитивната кондиција од средината на животот па понатаму.
- Испитувајќи податоци од 16.728 лица, уште еднаш потврдиле дека умерената употреба е поврзана со подобри перформанси во задачи што вклучуваат учење, брзина на обработка на податоци и краткорочна меморија.
- Неодамна во Македонија беа запленети 40 тони марихуана. Знаете ли колку мозочен волумен може да добие колективниот ум на Македонецот кој во свeтски споредби и онака кубури со IQ?
- Кажавме што имаме да кажеме.