Советот за етика (СЕММ) има пар сериозни проблеми во начинот на кој работи. Еден е овој:
Генерално, такви се и пријавите од последната транша „пресуди“ на Советот, кои ни се секогаш забавни за читање, особено меѓу редови.
Една од нив се однесува на оспорена статија на Вечер Прес, со наслов:
„Албанец од Косово е уапсен во Турција, обвинет за соработка со МОСАД“.
Оној што се жали (името небитно, за феномени овде зборуваме), попат навел дека тој медиум е „дувло на УДБА“.
Наместо одма да дисквалификуваат една таква пријава и да му кажат „дечко, кога ќе напишеш пристојна пријава, со задоволство ќе ја разгледаме“ тие влегле во материјална расправа по неа. И уште па и „досудиле“ дека овој - е во право.
Спорно било што овие од Вечер прес навеле дека се работи за Албанец од Косово. Дека не морале да кажат дека е Албанец (оти така ќе нè држи неутрална неизвесност да не е можда Еским). Јеах!
Тоа е помалата глупост. Поголемата е што влегле и во тоа како медиумот го напишал Косово. Пази ги ти нив!
Уште еднаш: Ви текнува она кога не те бива за тоа што ти е работа па почнуваш да работиш и нешто што не ти е работа?
Од кога бе мајчини е ваше „да утврдувате“ кој медиум како го именува Косово или која било друга земја? Ние што пишуваме Македонија или Република Македонија, наместо „меѓународното именување на државата“ кога планирате да дојдеме под вашиот - додуша тап - сатар?
За иронијата да биде комплетна, кога требаше да се напенали Гордана Силјановска за името што го кажа на заклетвата, „од медиумските чирлидерки на Преспански се изначитавме туторијали дека официјални лица, во официјално својство, мора да користат Северна, додека ние сме можеле како сакаме, пошто не сме обврзани со државни договори (каква великодушност од нивна страна, ежење!)“.
Ете до кај била „великодушноста.“ Сега тие сакаат „сите да мораме“. Не само за Македонија, туку и за факинг Косово.
Си го питам.
Трендо
п.с. Одлуката по овој предмет ја имате тука.
*********************
ЕДИТ:
Читател ни понуди и вакво гледање на работите:
Не само што Советот за етика дал целосно спротивно мислење од она што значи етика во професионалното известување туку со нивната одлука целосно ги навредува Албанците, пред сè во Македонија. Не може после сета нивна континуирана „борба за човекови права“, правична застапеност во институциите, инсистирањето во целосната лична документација да стои графа АЛБАНЕЦ, сега некој Совет за етика да им го укине тоа право и да не наведува дека сторителот е Албанец.
Јове
За анамнезата на Советот за етика, види:
Советот за етика реши дека е дозволен вулгарен и навредлив јазик во колумни
Советот за етика во медиумите почна да бара грешки во сатира
Цивил нè пријавиле дека сме им се заканиле
Колозова и Оффнет, непотребна драма во три чина
Кога извлековме поука:
Офф.нет го пријавува Офф.нет за лажна вест
За ЗНМ: