Лепа и нејзината слика

ЗНМ издале соопштение во кое го спомнува нашиот медиум. Тешка статива. Дури и кога имаат предмет кој вреди внимание и не е за игнорирање, овие од ЗНМ знаат толку да утнат што нивниот резултат комплетно ги девалвира нивните намери. „Најголема услуга му ја правите на ѓаволот кога го барате на погрешно местo.“ Не чуле тие за тоа. Тие се на автопилот.

По повод заклетвата на ГСД, од медиумските чирлидерки на Преспански се изначитавме туторијали дека официјални лица, во официјално својство, мора да користат Северна, додека ние сме можеле како сакаме, пошто не сме обврзани со државни договори (каква великодушност од нивна страна, ежење!)

И онда налетуваш на извесна Лепа Џундева (само што ѝ го дознавме името, убаво име) која на грчкиот пратеник Сиригос во интервју му објаснува дека се јавува од „Северна Македонија“, случајно да не се збуни човекот, па да помисли дека Лепа се јавува од солунскиот аеродром „Македонија“. Се разбира дека не заради тоа, туку за да демонстрира пожелна увлакачка поза. Нејзина работа. Ко што е наша работа да кажеме дека тоа може и поинаку, дури и од една неутрална хрватска пејачка на лесни ноти.

Значи, ја објавивме ние Лепа во комплет со Северина (види овде) и тоа заради појасно контрастирање: За Северина, Македонија е Македонија, за Лепа таа е Северна Македонија. Наспроти спомната великодушност на оние погоре, ти станува јасно дека криминално наметнатата додавка без отпор продира и во меките цивилни и медиумски ткива на Македонија.

Уште појасно ти е дека така е тоа во организми со уништен имунитет. А тоа, да си знаат сите, нè пизди.

*********

Елем, ЗНМ објавува соопштение „Онлајн малтретирањето и заканите кон Лепа Џундева и други новинарки се неприфатливи“.

Не знаевме за тоа ама, така е. Малтретирање и закани се бедасти и неприфатливи. Но, што имаме ние со тоа? Па, сме биле дел од тоа! Како? Со тоа што сме употребиле нејзина слика!

Да, преглупо. Мора да ви покажеме:

Сме продолжиле некаква кампања за оцрнување? Како прво, ние не работиме кампањски, како второ, што па ако нешто се оцрнува? Треба да се обелува?

„Користејќи ја нејзината слика....“, 'ќе срочи некој од ЗНМ. Пазете, новинарката прави ТВ ИНТЕРВЈУ (јавно, да појавно не може да биде) , ама ние сме грешка затоа што сме користеле нејзина слика?? Ви се верува ли какви кловнови се оние што го срочиле ова соопштение? Што требаше, да ја покриеме Лепа со онакво црно, како да е криминалец?

Има таму и други изблици на тажен дилентатизам, на пример дека на социјалните мрежи имало и „повици за омаловажување“? Срцки. Како бе изгледа повик за омаловажување? Браќа и сестри, елајте да ја омаловажуваме Лепа?

А ќе речеш новинарско здружение, знаат тие со зборови. Голотија.

Се разбира дека оваа ракотворба на ЗНМ не е дотолку промислена за да мора да трошиме време да ѝ правиме прецизна аутопсија. Тие таквите фрази ги испукуваат додека се на автопилот: омаловажувања, оцрнувања, поттикнувања, инспирирања, чувства на несигурност.... Чист импресионизам. Тоа се зицери, клучни зборови кои носат грантови. Ништо друго. 

Инаку, кретени од сè можат „да се инспирираат“ или „да бидат поттикнати“. Постојат такви кои пред да направат некое зло, читале Библија. Или слушале Митар Мириќ. Библијата или господин Митар ги има инспирирано ем поттикнато?

Туку, видете им го насловот уште еднаш: „Онлајн малтретирањето и заканите кон Лепа Џундева и други новинарки се неприфатливи“. Зошто сите други засегнати новинарки се без имиња, освен Лепа? Не вредат ли нивните случаи јавно внимание па се оставени во мракот на анонимноста?

ЗНМ, ЗНМ, дрва едни.

6 јуни 2024 - 11:40