Цивил нè пријавиле дека сме им се заканиле

Советот за етика во медиумите (СЕММ) ни пушти меил дека имаат добиено жалба од Цивил. Ние, Оффнет, сме се заканиле на Организацијата! Само да видите за што се работи пред да ги испратиме на едно место кое нè тера да ги мислиме.  

СЕММ работи по една навидум пристојна но во суштина фалична методологија. Главно, ќе примат пријава за некоја содржина од некој медиум и после го прашуваат медиумот да се произнесе по тоа. Реално, немаш за што суштински и квалитетно да се произнесеш бидејќи во жалбата само таксативно се нафрлени законски членови.

Значи, некој ќе им пише: во таа и таа статија има дискриминација, пристрасност, нефер известување, што и да е.... (без никаква аргументација или објаснување на обвинувањата), по што не ти останува ништо друго освен лаконски да им пишеш: Не, во таа статија нема дискриминација, пристрасност, нефер известување, што и да е...

И така, си ја тераат тие својата работа со една чиновничка миопија која ги прави слепи да видат балван додека бркаат раски.

Во случајов ( а случајот е статијата  „Како Цивил „ја истакнаа“ желбата за кршење нечии коски“), СЕММ не гледа дека Цивил имаат објавено содржина која посакува нечии коски во салата. Зошто? Затоа што, јеби га, не добиле пријава за тоа.

А во последниот нивен случај за кој расправале (Хелсиншки/Република) баш за тоа мудруваат:

„Комисијата потсетува дека медиумите се одговорни и за пренесување на искажаното на социјалните мрежи, зашто со нивното објавување таквите содржини добиваат јавност“.

Да, а?

Но, да ги оставиме СЕММ, да видиме шо мајка сакаат Цивил и каде тоа виделе закана.

Закана виделе во последната реченица од нашата статија кој гласи:

„Да се разбереме, ние не бараме ништо од надлежните власти, најмалку да ги санкционира Цивил заради ваквата промоција на коментари кои повикуваат на насилство. Ние само посакуваме „стручњаците“ да не ни ја огадуваат салатата. Оти допрва претстојат главните јадења“.

Или како што самите тие -  јако неписмено - го срочиле во жалбата (ни празно место, ни голема буква, ни одвојување на нашиот текст од нивната оценка):

Тоа е таа закана. Не би ви текнало, нели?

Имаше порано виц за апаши кои, кога немаат што да крадат, си крадат од сопствените џебови. Нешто да се украде, колку да се остане во кондиција. Така е и со кодоши изгледа.

Замислуваме како хибридно ги спамираме со замолницата „да не ни ја огадуваат салатата оти допрва престојат главните јадења“, а тие се кријат по бункери, ставаат панцири, вежбаат атомски с лева, штанцаат нови барања за грантови.....

Пишурија.

Да се испратиме како добри луѓе:

11 јули 2021 - 13:59