Крафтверк: We are the Losers

Драгите старки од Крафтверк речиси 20 години се тегнеле по судови барајќи отштета за банален и краток семпл кој го искористила една раперка. Изгубија.

Највисокиот германски суд донесе пресуда против Крафтверк во 19 години долгиот спор околу едно нивно музичко парче од само две секунди кое без дозвола во своја песна го хип-хоперката Сабрина Сетлур.

Одлуката на судот го брани правото на користење кратки семплови кои, кога значајно не влијаат врз правата на оригиналниот уметник, тогаш "уметничката слобода e посилна од интересите на сопственикот на авторските права"   

Ралф Хутер од Крафтверк подигна тужба против продуцентот на песната "Nur Mir" ("Само јас") уште во 1997 година затоа што во себе има секвенца извадена од песната "Metall of Metall".  Во едно од рочиштата Хутер се повика дури и на Библијата односно божјата заповед "Не кради". Обвинетиот продуцент Мозес Пелам аргументираше дека семплувањето е есенцијална компонента на хип-хопот и дека забраната за користење семплови би ја за загрозило уметничката слобода.

Судска одлука во полза на обвинетиот продуцент беше донесена и во 2008 но 4 години подоцна друг суд ја преиначи пресудата со оценка дека за новата песна можеле и сами да го отсвират посакуваниот  ритам а не да го копираат од Крафтверк. Но, ова сега е конечна и неотповиклива судска одлука. 

Еве го оригиналот:

Еве ја спорната песна:

 

2 јуни 2016 - 15:45