Ние им пишавме што мислиме за нивната глупоштина уште пред 6 дена (види овде) и мислевме толку, фак оф, имаме ние и друга работа.
Бетмен, пак, решил да ја тера приказната. Бараше извинување од ЗНМ, не го доби па најави дека ќе ги тужи и ќе бара орвелијанска отштета од 1984 евра која некаде ќе ја донира.
Најново: ЗНМ и ССНМ издале соопштение во кое не само што не се повлекуваат од своите незграпни и приглупи констатации од првото соопштение туку загазуваат уште подлабоко во калта на својата плиткост.
Земено беше предвид дека Илиевски како јавна личност која води емисија на телевизија со национална концесија, а притоа е и активен на социјалните мрежи на кои што има значителен број на следбеници, треба да биде свесен дека неговите зборови, врамувања, посочувања и контексти може да предизвикаат последици, како што впрочем и се случи.
Што е бе ова? Треба да биде свесен? Па ваљда е свесен, зошто не би бил свесен? Можат да се случат последици? Можат. Вакви или онакви. Последици можат да се случат и после слушање на песната „Smack my Bitch Up“, ама, за последиците одговараат оние кои ги сториле а не Продиџи, кловнови едни!
Викаат:
Врамувањето на колешката во конкретниот контекст, со коментар со пропратен линк од дел од интервјуто кое таа го направила со грчки пратеник, укажува на сосема јасна намера таа да се изложи во негативен контекст.
„Во реакцијата на ЗНМ не се кажува како е дојдено до заклучокот дека Богдан Илиевски имал, како што се тврди, „јасна намера“ да поттикне говор на омраза и закани кон новинарката Лепа Џундева“, не може да се изначуди Героски на ПлусИнфо (овде).
Ај „јасната намера“ настрана, ама „негативниот контекст“? Што е еретички во негативен контекст? ЗНМ забранува тоа, само позитивни контексти се дозволени? Како онаа министерка која дозволуваше слободно да се твори ама тоа да биде „нешто што ќе го расположи народот“?
Викаат:
„Поттикнувањето говор на омраза и закани кои може да доведат до насилство не мора да биде направено со директни зборови што се јасен говор на омраза“.
Уби нè прејака глупоќа. Не морало со зборови, можда може со гугуткање, м?
Малку посериозно, гледате ли кон што тие целат? Бидејќи не ќе можат да ги извршуваат своите цензорски и заплашувачки намери само врз основа на нечии зборови и дела, тие би сакале да ја прошират својата јурисдикција па да се прогласат за овластени проценувачи на нечии намери, врамувања, контексти.... Ако тоа им се дозволи, крај ќе им нема на идиотизмот. Ок, нема да им се дозволи.
Еве, ова статија е пишувана во комплетно негативен контекст за оние во ЗНМ кои и со две оценки повеќе отколку што заслужуваат, едвај би добуткале до медиокритети.
А и намерата ни е јасна. Да им покажеме дека ни се смешни. Обџекшн?
ЗНМ, вака ли требаше?
п.с. Му посакуваме на Бетмен да ги добие на суд а со парите да поддржи една вредна а соодветна медиумска рубрика (оваа овде).