Офф.нет го пријавува Офф.нет за лажна вест

Што па да чекаме Цивил да нè пријави со уште некоја неписмено срочена поплака?  Ко да не можеме ние сами да укажеме на нашата опасност и закана.

Цивилниот мониторинг тим на Офф.нет упатува преставка до надлежните институции и органи против Офф.нет укажувајќи на ЛАЖНА ВЕСТ објавена на овој портал за кој во прогресивниот дел од јавноста одамна постојат дилеми кој го финансира.

Се работи за статија објавена на 21 април 2021 година. Во прилог, линк и скриншот:

Како што се гледа од прилогот, во насловот Офф.нет експлицитно тврди дека на фотографијата се наоѓа шумадиско зајче. Меѓутоа, што ако е тоа славонско?

Дали ваквите подмолни медиумски подметнувања не се закана за фрагилната регионална стабилност? Дали со вакви лажни вести (за кои постојат основани сомневања дека се оркестрирани од странски центри на моќ на кои им пречи евро-интеграцијата на Западен Балкан) не се сака да се внесе несигурност и вознемиреност меѓу населението?

Цивилниот мониторинг тим на Офф.нет, поточно неговиот департмент „Амон Мра“ (кој попладне работи за Влада) укажува дека во статијата на Офф.нет постои неизбаланиран пристап, фаворизирачко и навивачко известување (Шумадија), незастапеност на втората страна (Славонија), како и дискриминација по род (што ако зајчето се себе-идентификува како еж?), и холестеролска припадност.

Прц. 

13 јули 2021 - 11:24