Предлогот наместо воз да се користи такси, прв во полушега го спомнал поранешниот министер за финансии Стефанос Манос, во далечната 1992 година, со цел да предупреди на лошите перформанси на железничкиот превоз во земјата кој ужасно ретко се користи а уште поужасно голта пари од буџетот.
Реалноста ја поткрепи неговата логика.
Годишно Грците со воз минуваат 1,8 милијарди километри. Годишно (пример од 2010-та година) грчката железница прави загуби од преку една милијарда евра. Тоа значи дека по патник, еден километар поминат со воз чини 0,60 евра.
Најкористена сообраќајна артерија во земјата е онаа Солун - Атина.
За таа релација, грчки таксист наплаќа околу 700 евра, односно 1,2 евра по километар.
Доколку само двајца се возат во таксито, цената на такси превозот се изедначува со онаа од возот. Доколку се возат четворица, цена по километар изнесува 0,30 евра, двојно помалку отколку со воз!
Споредбите со останатите видови сообраќај се уште пофрапантни: доколку Владата реши корисниците на железницата да ги качи во авион, тоа земјата ќе ја чини 0,14 евра а доколку се реши за автобуски превоз, се постигнува багателна сума од 0,08 евра.
Се проценува дека во последниве 15 години, во грчката желеница биле инјектирани околу 13 милијарди евра буџетски субвенции.