Дечкото кој со Ламборгини преправен во кампер патува по светов, дојде и кај нас. Првото што го виде е таксист што фрла ѓубре. Па некои наши му помагале да паркира рикверц („можеш, можеш“) по што искрши ауспух. Ама наиде и на супер дечки, едни му помогнаа да се истушира, други го шетаа по град и му поклонија ајвар. Брзо ги сфати „правилата“ па се паркираше пред Влада, на велосипедска патека. Имате и еден виц на 5:55.