Политичките таблоиди конечно го открија идентитетот на првата голема љубов на актуелниот американски претседател.
Се вика Алекс Мек Ниар, води компанија за обвновливи енергии, живее во 2 милиона вреден апартман во Њујорк. И гласа за Демократите и Барак Обама.
Романсата започнала во нивните 20-ти години во Калифорнија и траела додека Барак Обама не се преселил во Колумбија за да ги заврши студиите.
Наместо во Белата куќа, животниот пат на Мек Ниар ја водел кон српскиот боксер Боб Божаниќ чиј врв на кариера е неговиот спектакуларен пораз од Лари Холмс во Медисон Сквер Гарден во 1973-та година.
Божаниќ работел и како обезбедување во клуб за травестити а е уапсен кога наивно се обидел да ограби 60.000 долари од една банка.
Кај Обама ја привлекол неговиот интелектуален капацитет и фасцинантното познавање на опусот на Томас Стерн Елиот. Боксерот веројатно имал уште посилни аргументи штом љубовта завршила со брак кој траел 7 години и од кој Алекс и Боб имаат 20 годишна ќерка Весна.
Обама денес е претседател на САД, Божаниќ е шанкер во ултрапознатиот ресторан Фанели на Сохо а кога новинарите ја контактирале Алекс и ја прашале дали би излегла со Обама доколку ѝ се јави, им спуштила телефон.