Се проценува дека честичките од темната материја по маса се пет пати повеќе од видливата. Тоа значи дека сè што гледаме околу нас - ѕвезди, планети, нашите тела, сите предмети околу нас... во себе содржат само 15% од видливата материја и 85% од темната. Мистеријата е уште поголема бидејќи, таа воопшто не реагира со електромагнетното зрачење, не емитува, не апсорбира ниту рефлектира светлина, поради што практично е невидлива.
Видливата материја е само 5% од Универзумот. Швајцарскиот астроном Фриц Цвики уште во 1933 година проценил дека 27% од Универзумот мора да е исполнет со „темна материја“. Нејзиното постоење досега индиректно е потврдено само преку гравитациски ефекти.
Анализирајќи податоци собирани 15 години од вселенскиот телескоп Ферми на НАСА, професорот Томонори Тотани од Универзитетот во Токио, идентификувал необјасниво зрачење во форма на хало-структура околу центарот на Млечниот пат. Ова зрачење од околу 20 гигаелектронволти било десет пати посилно од досега познатите гама-зрачења од центарот на галаксијата и се совпаѓа со очекуваниот спектар од судирање на слабо интерактивни масивни честички (WIMP).
Тотани објаснува дека зрачењето може да се објасни само со честичките WIMP, од кои веројатно е составена темната материја. Тие се околу 500 пати потешки од протонот и при судир се уништуваат, ослободувајќи гама-фотони.
Научната заедница реагира со воздржаност на ова откритие. Професорот Џастин Рид од Универзитетот во Сари предупредува дека слични сигнали би требало да се појават и во џуџестите галаксии, кои теоретски се богати со темна материја. Научниците чекаат независни верификации од други телескопи, како што е идниот „Евклид“, кој се уште не е поставен во орбита.