За Велигденот што стана Ден на трансродова видливост

Откако во неделата католиците беа згрозени што денот на најважниот верски празник во годината американскиот претседател го посвети на „трансродовата видливост“, Бајден изјави дека не бил тој.

Отфрлајќи ги обвинувањата што од републиканците што од јавноста, Бајден се правда дека од 2009, 31 март е Денот на трансродовата видливост, но годинава се погодило на тој ден да се падне и католички Велигден.

Првиот човек на Претставничкиот дом на Конгресот, републиканецот Мајк Џонсон, подоцна на Твитер го препраша Бајден дали е сигурен, објавувајќи скриншот од страната на Белата куќа во кој пишува дека го прогласува 31 март 2024 за Ден на трансродова видливост.

Подоцна и Белата куќа ги повтори аргументите на Бајден, порачувајќи дека во 2020 и 2021 и Фокс њуз го обележал Денот на трансродовата видливост на 31 март.
 

3 април 2024 - 10:33