Русите ги држат најскапите и најлукузните апартмани во Лондон. Нивното тамошно Кале им 76-те апартмани во One Hyde Park, дизајнирани од легендарниот архитект Ричард Роџерс; купени за 2,4 милијарди долари, во просек по 30 милиони еден.
Тоа е и местото на кое редовно протестираат про-европски доселеници од Украина, место во кое живее и најбогатиот нивен земјак, Ринат Ахметов кој тежи 12,5 милијарди долари.
Британската престолнина е главниот финансиски центар на олигарсите од Русија и останатите екс- советски држави при што 60 посто од новоотворените сметки во лондонската стопанска комора се од Русија и источна Европа.
Толку пари не можат да не влијаат врз официјалната политика на држава кон Русија, особено во вакви затегнати односи поттикнати од кризата во Украина.
Во својата извонредна анализа на овој аспект, Бен Џуда неодамна напиша:
Русија знае дека Запад веќе не е крстоносна алијанса туку дека го зaнимаат главно пари.Тоа најдобро го знаат тајкуните поврзани со Кремљ. Тие со години ја купуваат Европа, давајќи милиони за луксузни апартмани на лондонскиот Вест Енд или за замоци во Франција. Децата им се безбедни во британските приватни школи, парите им се сигурни во австриските банки или во филијалите на европските даночни оази какви што се холандските Антили или француските Девствени острови. Кремљ веќе не се плаши од европскиот естаблишмент. Порано го замислуваше како да е дел од MI6. Сега видел како западните аристократи и корпоративните тајкуни омекнуваат кога на маса ќе им дојдат руските милијарди. Тоа е истата онаа елита која им помага да го сокријат своето богатство.
Познавачи на финансиските текови велат дека олигарсите во Лондон носат огромни пари и од таму управуваат со своите царства. Не го носат богатството за да перат пари бидејќи тоа би било премногу видливо, но затоа Лондон има извонредна адвокатска и банкарска инфраструктура која е логистика за таккви операции во даночните оази кои се под јурисдикацијна на истиот Лондон.
Според руската централна банка, две третини од парите кои се изнесуваат од земјата се илегални. Пoстојат проценки дека во последните 3 децении, од Русија се извлечени 798 милијарди долари.
Сè додека Велика Британија помага во тоа или само го премолчува, таа ќе остане сојузник на Путин без разлика какви изјави ќе бидат давани, вели Џуда.