Таг: Лондон

Британски музеј на медицинска историја повлече од каталогот остатоци од мртвородено африканско бебе

Музејот Ханторијан во својата колекција која е достапна на заинтересираните истражувачи до скоро имаше мртвородено бебе од африканско потекло. Истото е повлечено од каталогот (не и од збирката) по критика на британска писателка и авторка на нова документарна серија за човечките зоолошки градини од почетокот на 20 век.

Лондончани во одбрана на уличната уметност направена од мастики

Поради генералка на Милениумскиот мост, делата кои уличниот уметник Бен Вилсон ги има правено последниве десет години треба да бидат отстранети. Во негова одбрана илјадници граѓани потпишаа петиција со која бараат тие да бидат заштитени.

Почна годишното пребројување на 14.000 животни во лондонската зоолошка

Од највисоката жирафа до најситниот полноглавец - мерењата кои се прават секоја година во Лондонската зоолошка (и не само таму) се важна витална статистика за секое животно, но помага и во споредување на податоците помеѓу повеќе зоолошки во Британија.

Различно поинакви - нова изложба на уметници со мозочни повреди

Во галеријата The Curve во Барбикан, Лондон, е отворена изложба на уметници на кои им е потребна помош за секојдневни активности, па и за сликање или вајање. Таа го поставува прашањето: кому му е овозможено да се „брои“ како уметник?

Лондонски Трокадеро станува џамија

Сместен во најстрогиот центар на Лондон меѓу Пикадили и Сохо, Трокадеро по некои си 130 години постоење е на пат да стане џамија со капацитет за 390 луѓе, откако беше купен од тајкунот за недвижности Асиф Азиз.

Порошенко на заслужен одмор во Лондон

Откако од трета мајка успеа да излезе од родна Украина, поранешниот украински претседател и несуден херој од одбраната на Киев, Порошенко деновиве е снимен на прошетка низ Лондон. Украинска правда пишува дека Порошенко официјално имал „излез“ до 2-ри јуни. Тој се уште не е вратен во Украина.

Контроверзна претстава за убиецот на Ганди

Анупама Чандрасекар е името на индиската драмска писателка чија претстава се фокусира на атентаторот на Ганди, Натурам Годсе, кој бил обесен во 1948 за своето дело. Но неговото име во последниве години се враќа во оптек, овој пат не како предавник, туку како херој.

Шармот на Лондон во ‘80-те

Сунил Гупта пристигнува во Лондон кога Тачер пристигнува на власт, а дури сега ги објавува фотографиите направени за време на една комплицирана раскрсница во историјата на градот.

Зошто УЕФА на Истанбул му го одзема домаќинството на финале на Лига шампиони

После неколку месечна неодлучност, УЕФА конечно објави официјално каде ќе се одигра големото финале на Лига на шампиони за сезоната 2020/2021. Местото и локацијата се одлични, а ќе има и публика.

Парола на денот

Фразата „Студена зимска ноќ во Стоук“ еднаш ја искористи коментаторот Енди Греј и таа е синоним за традиционален фудбал, со пивце, гостување, воз, другари и песна. Далеку од комфорот и удобноста на топлите ВИП ложи каде се гоштеваат бизнисмените кои не го чувствуваат фудбалот со душа, па би да прават пари од него.

Изложба на „заматени“ традиционални портрети

Нова изложба во Лондон е опишана како „радикална субверзија на старите мајстори“. Всушност тука не се случува ништо посебно, освен што сликите се - вон фокус.

Што прави Тиери Анри кога ќе види дека Џака е капитен на Арсенал?

Фудбалерите на Арсенал го претрпеа и третиот пораз по ред во Премиер лига, овојпат дома 0:1 од Барнсли во 12. коло. Барнли славеше против „топџиите“ првпат после 1974-та година.

Чекаа 9 месеци и дочекаа, во Премиер лига одново публика на стадионите

Тотенхем победи во дербито на Северен Лондон против Арсенал и се врати на првото место на табелата, но главен настан во англискиот фудбал беше враќањето на навивачите.

Англичаните пресреќни - им го враќаат тоа што најмногу го сакаат

На Британец можеш да му земеш сè, само правото да се напие пиво и да гледа фудбал не. Од тоа беа лишени од март месец од кога речиси сите европски стадиони се затворени за публика поради коронавирусот. После долги и напорни месеци, допуштен е ограничен влез на стадионите.

Легендарниот кабинер на Арсенал кој после 30 години добил отказ, па ги продал сите дресови и медали

Пол Џонсон работел во Арсенал цели 30 години. Дошол во клубот уште пред Арсен Венгер и имал позиција на гардеробер/администратор на екипата.

Лобстерополис: изложба која можете да ја видите преку подвижни робот-камери

Посетителите на изложбата на Филип Колберт можат преку мобилен да ги контролираат роботите и низ нивните „очи“ да ги видат делата.

Приказната за ирскиот џин од 18 век чиј скелет се чува во музеј против неговата волја

Се викал Чарлс Брн, и според различни извори бил висок некаде од 2,30 до 2,54 метри. Неговиот скелет се чува во Кралскиот колеџ за хирурзи во Лондон. Но неодамна се покрена иницијатива тој да биде вратен во родната Ирска.

После 27 години во клубот, Арсенал ја отпушти маскотата поради кратење трошоци

Првичниот свет на кој сме навикнати продолжува да се менува. Арсенал, клуб пред чии домашни натпревари секогаш на терен ја гледавме маскотата Ганерсаурус, реши да се збогува со омилениот лик на навивачите.

И во Лондон имаат Скопје 2014

Добро, не баш, ама дел од жителите на главниот град на Британија поставувањето на делото „Крајот“ на плоштадот Трафалгар го доживуваат како крај на добриот вкус. Сепак 9-метарско купче шлаг делува поинтересно од луѓе на коњ.

Венгер научил како се хранат Јапонците, го применил тоа и станал непобедлив со Арсенал

Легендарноста на Арсен Венгер во Арсенал може да се опише со еден збор: непобедливост.

„Книшкиот ангел“ кој разнесува книги низ Лондон

Мили Џинет за време на пандемијата формирала Фејсбук група за размена на книги. Само два дена подоцна собрала околу 300 примероци од праговите на понудувачите низ јужен Лондон. И потоа самата ги доставила до заинтересираните.

49-те Индијци донесени во Британија во 19 век како дел од „жива“ изложба

Зимата 1885-1886 била една од најстудените во Лондон во текот на 19 век. Цевките биле замрзнати во палатата Алберт во лондонскиот Батерси парк, изложбена сала која во моментот била дом на луѓе донесени од Индија да учествуваат во живо „индиско село“.

Викенд на нереди меѓу англиските навивачи и борците против расизам

Ултра-десничарските групи кои од цела Англија се собраа во Лондон наводно да ги чуваат спомениците и меморијалите во престолнината, се судрија со полицијата, па со демонстрантите од BlackLivesMatter.