Една од мерките која британската Влада ја донела во понеделникот е и онаа за постепено враќање на навивачите на стадионите ширум земјата.
Според планот, на 2 декември завршува строгиот 4-неделен локдаун во Велика Британија и тогаш на спортските настани ќе може пак да има гледачи.
Целата земја е поделена на три нивоа во кои воведуваат разни мерки:
Ниво 1 - Во него се наоѓаат најбезопасните територии со најмал број на нови позитивни случаи на зараза. Таму на спортски настани ќе пуштат и до 4.000 гледачи. На спортските настани на затворено во сали, ќе се допуштаат до 1.000 гледачи.
За споредба, угостителските објекти во овие сигурни реони, ќе работат до 23:00, а нарачки ќе може да се прават до 22:00.
Ниво 2 - Во ова ниво веќе нема безопасни територии. На спортските настани во овие реони ќе бидат допуштени до 2.000 навивачи (исто 1.000 во затворени сали).
Ограничувања има во баровите и рестораните кои ќе работат до 23:00 но алкохол ќе може да се нарача само при нарачување и целосен оброк (ова значи дека нема да може да се купи само алкохол).
Ниво 3 - Во овие реони остануваат на сила забраните за масовни собири и навивачи нема да има. Угостителските објекти и натаму ќе работат само со достава.
Но истовремено, регионите уште не се распоредени по нивоа, па не е јасно дали и кои стадиони ќе се отворат за публика во Ливерпул, Манчестер, Лондон? Се ќе зависи од владината одлука во врска со тоа кој регион во кое ниво спаѓа.
„Подоцна неделава ќе објавиме кој регион во кое ниво спаѓа. Најдоцна до четврток. Се ќе биде познато после детална анализа на сите случаеви на заболени, особено во ризична грипа 60+“, изјави премиерот на Велика Британија Борис Џонсон.
Истовремено истите мерки што важат за професионалниот, ќе важат и за аматерскиот спорт.
Општо-националниот локдаун воведен на 5 ноември беше еден од најстрогите, а од 2 декември државата ќе се врати кон регионални ограничувања.
„Враќањето на масовниот спорт беше моја прва задача. Сигурен сум дека спортот ќе направи се што е можно да гарантира сигурност. И самите навивачи ќе бидат посовесни и ќе се однесуваат правилно“, вели министерот за спорт на Велика Британија, Оливер Доуден.
Една од главните причини што стадионите се отвораат беа и постојаните народни протести во кои луѓето се жалеа дека во кино и во театар може да се оди, а на фудбал или на рагби не може.
Thank you to everyone who pushed for return of grassroots. We were at the front of the queue as promised 💙🙏🏻⚽️ pic.twitter.com/aLR7nF4DLq
— Robbie Savage (@RobbieSavage8) November 23, 2020
Министерот за здравство Мет Хенкок изјавил дека луѓето кои протестирале за враќање на публика на стаидоните пружиле силни аргументи во прилог на својот став.
Англискиот фудбал е спремен за враќање на публиката, навивачите конечно ќе можат да викнат песна, а играчите да заиграат пред макар делумно исполнети стадиони.
Првиот меч со гледачи после локдаунот се играше на 29 август во Брајтон кога гостуваше Челси. На трибините на стадионот кој има капацитет од 30.000 седишта, имаше 2.500 гледачи.
„Не бевме многу строги. Луѓето носеа маски и одржуваа социјална дистанца меѓу редовите. Кога седнаа на своите места веќе не беа така напнати“, вели директорот на Брајтон Пол Барбер.