Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?

Уште во 2015 година, еден од највлијателните американски политолози ја опиша иднината на погубната западна политика со Украина. „Ги убедуваме дека ќе бидат дел од нас, ги охрабруваме да играат тврдо со Русија, и тие тоа го прават. Ако продолжат по тој пат, земјата ќе им биде здробена“, рече Џон Мершајмер пред 7 години.

Запад ја води Украина по еден пат кој ѝ го постила со рози а крајниот резултат на тоа ќе биде што Украина ќе биде смачкана.

Политика за која јас се залагам е да ја неутрализираме Украина, економски да ја зајакнеме и да ја извадиме надвор од конкуренцијата на Русија од една и НАТО од друга страна и тоа е најдоброто што може да им се случи на Украинците.

А она што ние го правиме е, ги охрабруваме Украинците да играат тврдо со Русија, ги охрабруваме да веруваат дека тие на крајот ќе стана дел од Запад, бидејќи ние на крајот ќе го победиме Путин и ќе биде по наше, а времето е на наша страна.

И нормално, Украинците играат со нас и кај нив нема речиси никаква волја за компромиси со Русите, и наместо тоа, буткаат тврда политика.

Како што реков и преходно, ако така продолжат, земјата ќе им биде здробена. А ние го охрабруваме таквиот исход.

Многу поразумно е да работиме да се содаде неутрална Украина, тоа ќе биде и во наш интерес, во интерес на Русија секако, и најважно од сè, ќе биде во интерес на Украинците, за да се стави крај на кризата.

Џон Мершајмер, 2015 година

 

25 февруари 2022 - 14:06