Роберто и Ренато Миаз се современи уметници и браќа, чија основна техника се состои од нанесување слоеви аеросолна боја врз платна со голем формат. На нив има класични портрети, но со оглед на ефектот што го постигнуваат, тие изгледаат матни, непрепознатливи или обратно - во нив секој може да си препознае некој познат лик.
Овој мај портретите ќе бидат изложени во Мадокс Галери во Лондон под наслов „Минато, сегашност и она што не може да се перцепира“. Портретите алудираат на славни сликари како Караваџо или Рембрант и на нивни дела.
Поентата е дека во ваквата слика не може да се гледа пасивно. Инстинтивно секој е поттикнат (на физичко ниво) да се помести нанапред или наназад, за да декодира за што станува збор. „Како што меморијата почнува да се манифестира а мислите да добиваат облик, емоцииите се покренуваат заедно со можноста за интроспекција“, велат браќата во соопштението. Фокусот на тој начин веќе не е на сликата, туку на самите нас.
Родени во Милано во 1965, односно 1968, Роберто и Ренато соработувале од рана возраст, но најмогу се нашле во стилот „ербраш“. Нивни дела можат да се видат тука