A човече онаа Македонија! Кога влегов во таа земја бев суварка, што да ви кажам, на граница на анорексија.
А види ме сега.
Знам дека некои луѓе ги занима што било со "Јовано, Јованке". Е па, нормално дека ја нарачував сегде кај што можев, жими мајка ако и на Македонците веќе не им се згади. Ќе седнеме во ресторан, келнерот ќе праша "За што сте?" а јас како од топ: "За Јовано, Јованке"! Само после два дена оние што свират по ресторани почнаа да паничарат кога ќе ме видеа, отприлика "Ајдеее, ене ја онаа со Јовано, Јованке, бегајте!"
Една ноќ вртев и македонско оро, после скромна вечера од две илјади видови месо, сирења и ајвари, после тоа ме изнесоа и ме хоспитализираа.
Кога доаѓавме во Скопје застанавме на пат кајшто луѓе продаваа ајвари, пиперки вакви и онакви, ракии, мед, за пола саат им го решивме годишниот извоз.
Не ме прашувајте како поминавме граници и царини.
Во секој случај, немав време да известувам од патот, а сега пак трчање, настап ваму, настап таму, од паштети искачам, и од тегли со ајвар, сама себе преку глава си дојдов. Ставете ме на "хајд", ви препорачувам. Одам да се онесвестам.
Боба на ФБ
Можете да ја читнете на Е - нека им е лесен офлајн - новине.