Како САД извршија вооружен грабеж на светските енергетски резерви

САД се чини претрпеа понижувачки воен пораз од Иран. Но, во позадина, Вашингтон тивко спроведува вооружен грабеж на светските резерви на нафта и гас за да воспостави целосна контрола врз горивото од Арктикот до Индискиот Океан. САД досега соборуваа влади за да им ја грабнат нафтата. Денес тие ја користат сопствената нафта за да соборат влади.

За само 90 дена, САД спроведоа енергетски блиц-криг кој веројатно се подготвувал со децении. Извршија стотици напади врз руски танкери и рафинерии, блокираа една третина од снабдувањето со нафта и течен природен гас во Кина, ги окупираа најголемите резерви на нафта на планетата, воспоставија глобална поморска блокада од Арктикот до Индискиот Океан. И во тој процес, киднапираа еден шеф на држава и убија друг.

Во минатото, САД беа чувствителни на нафтени шокови. Затворањето на Ормускиот теснец ќе беше катастрофа, бидејќи САД не можеа да произведат доволно нафта за да ја задоволат побарувачката. Но денес, тие се најголемите светски производители на нафта, гас и рафинирани производи и најголем извозник на течен природен гас (LNG) на планетата.

Многумина сè уште веруваат во старата мантра дека високите цени на нафтата се лоши за САД, но точно е спротивното. За прв пат за време на глобален недостиг, доларот не паѓа додека златото расте - туку обратно. Високите цени на енергијата повеќе не се закана за Волстрит - тие всушност се целта.

Уште кога Кондолиза Рајс или Џо Бајден рекоа дека Европа треба да „зависи“ од американската енергија и ветија дека ќе „стават крај“ на Северниот тек - тие го мислеле тоа буквално. Со санкционирање на Москва и уништување на цевководите Северниот тек, САД не само што ѝ наштетија на Русија - тие ја претворија Европа во постојан американски клиент, обезбедувајќи долгорочна добивка и зацврстувајќи го доларот, забележува независниот новинар Ричард Медхрст на својот блог на сабстак.

Вашингтон ја искористи војната во Иран за да ја уништат позицијата на Катар како втор најголем глобален извозник на течен природен гас. Тие ги предизвикаа одмаздничките ирански напади на 18 март врз катарското поле за гас Рас Лафан, најголемо во светот. Како чиста случајност, токму на тој ден Европската Унија го забрани краткорочниот увоз на руски гас.

Така САД со еден удар погодија три муви: Катар беше принуден да ги откаже своите евтини долгорочни договори со Кина и Европа, пренасочувајќи да купуваат американски гас; цените на течниот природен гас скокнаа, но само во Европа и Азија (не и во Америка), а САД се позиционираа како сигурен снабдувач на енергија во нестабилен свет, пишува Медхрст.

Во таа насока, американската компанија Шеврон во декември потпиша со Израел договор за гас од 35 милијарди долари. Темелите на тој договор беа поставени речиси 2 години пред геноцидот во Газа. Фактот дека само Шеврон работи во областа води до логичен заклучок дека целта е да се ограби гасот од полињата на Газа.

Сирија беше следното домино. Пред војната, Сирија беше целосно самоодржлива со нафта и гас. Денес, новите власти му овозможија на Шеврон да им го извезува гасот.

Со договорите со Кипар и Грција, всушност е создаден нов гасен коридор во Средоземно Море, симетричен на уништениот руски Северен тек.

Контролата на Европа и слабеењето на Русија, сепак, е само почеток. Вистинската цел е Кина. Таа е премногу голема и конкурентна за да биде уништена, но САД настојуваат да ѝ наметнат зависност од американска енергија. Тоа го гарантира опстанокот на доларот, а воедно ги поткопува БРИКС, иницијативата Еден појас, еден пат и мултиполарноста.

Кина добива една третина од својата нафта од Венецуела, Русија и Иран заедно. САД ги таргетираат сите три земји во период од 90 дена. Додека од Каракас беше грабнат Николас Мадуро, американската морнарица ги паркираше своите бродови на прагот на Венецуела. Тие одлучуваат кои танкери за нафта може да влезат и да излезат, главно оние на Шеврон. Неколку дена по операцијата во Венецуела, Трамп се пофали дека САД сега контролираат 62% од светската нафта.

Во февруари НАТО, по инсистирање на Трамп, ја воспостави и операцијата Арктички стражар, за да спречи пристап на Пекинг до енергија, критични минерали и морски линии. Ова објаснува зошто Доналд Трамп е толку заинтересиран за Гренланд и Канада.

Овие планови не се исклучиво на Трамп, ниту пак беа составени преку ноќ. Тие се плод на администрацијата на Буш и неоконзервативците како Дик Чејни, кој дојде во Вашингтон директно од нафтената компанија Халибартон. Богатството на семејството Буш беше создадено во нафтената индустрија во Тексас, а Кондолиза Рајс помина една деценија во одборот на Шеврон. Всушност, Шеврон именуваше танкер за нафта по неа - „СС Кондолиза Рајс“, заклучува Медхрст.

27 мај 2026 - 14:58