- Хотелите во Италија не се обврзани да им понудат на гостите бесплатна вода од чешма наместо флаширана за пари, пресуди Касацискиот суд на Италија по маратонски процес што се влечеше по судови седум години.
- Случајот датира од 2019 година, кога гостинка во хотел со пет ѕвездички во скијачкиот центар во Бадија побарала да ѝ биде сервирана вода од чешма наместо во шише од 0,75 литри што секоја вечер ѝ ја оставале на масата во ресторанот и ѝ ја наплаќале по 7 евра.
- Жената уплатила 5.700 евра за еднонеделен полупансион, со појадок и вечера вклучени во аранжманот, но не и пијачки.
- Поднела тужба, тврдејќи дека „морало да ѝ биде гарантирана бесплатна вода, во витални количини за задоволување на основните потреби“, со аргумент дека водата е „природен ресурс и универзално човеково право“. Побарала отштета од 2.700 евра за „финансиската штета и емотивниот стрес“.
- Првостепениот и второстепениот суд ја отфрлиле тужбата. Касацискиот суд потврди дека во Италија не постои закон што би ги обврзал рестораните или хотелите да служат вода од чешма.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.