Кога ќе видиш дека главниот новинар за ковид на Њујорк тајмс вика дека бавењето со прашањето дали вирусот протекол од лабораторија е расизам - јасно ти е дека светов полудел.
Кога си оневозможен да кажеш јавно и гласно дека постојат разлики меѓу мажите и жените - јасно ти е дека светов полудел.
Кога не е дозволено да се признае дека немирите се немири и дека тоа е лошо. И дека молкот не е насилство, но дека насилството е насилство - - јасно ти е дека светов полудел.
Кога не може да се каже дека лаптопот на Хантер Бајден е приказна што вреди да се истражува - јасно ти е дека светов полудел.
Кога во името на прогресот, мали ученици па дури и оние во градинка се сегрегираат во нивните училишта заради нивната раса и дека тоа се нарекува прогрес, а не сегрегација- јасно ти е дека светов полудел.
Има уште дузина примери што би можела да ги споделам со вас....