Шармот на Лондон во ‘80-те

Сунил Гупта пристигнува во Лондон кога Тачер пристигнува на власт, а дури сега ги објавува фотографиите направени за време на една комплицирана раскрсница во историјата на градот.

Во 1976, фотографот Сунил Гупта со партнерот се сели од Монтреал во Њујорк, за време на златното доба на квир-ноќен живот и креативност. После Стоунвол, Вест Вилиџ станува мека на ЛГБТ сцената и прифаќа луѓе од секаква позадина (овде процветува и Клаус Номи).

Сунил е роден во Њу Делхи, а во Монтреал пристигнува како тинејџер во ‘60-те. Се запишува во средно и е единствен студент од Индија. Без никаква заедница, се чувствува како да не припаѓа, но преку ученичката геј-заедница влегува во активизам и се запознава со фотографијата, работејќи за весникот на заедницата. (Колку е Канада напред!)

Додека се занимавал со фотографија, партнерот учел за банкарска кариера во ЏП Морган. Кога завршил со обуката, се преселил во Лондон за да работи во летото 1978, а Сунил му се придружил, точно на време за Зимата на незадоволство во Велика Британија, кога британските синдикати се организирале за над 2000 штрајкови - улиците биле полни со ѓубре, болничките услуги биле ограничени, а гробарите одбивале да работат. Следната година, под водство на Маргарет Тачер, Конзервативците ги искористуваат немирите и доаѓаат на власт.

Сунил и дечко му се сместуваат во нешто што мислат дека е геј енклава, за потоа да сфатат дека „такво нешто не постои во Лондон“ и дека без разлика што приватни геј-средби биле декриминализирани за над 21 година во 1967, сè надвор од тоа било еднакво на проституција.

Покрај тоа, Сунил се наоѓа во Лондон кога Националниот фронт отворено таргетира афро-карибијци и јужноазиски имигранти. По Втората светска војна, Британската империја колабира, колонизираните територии бараат слобода и почнува глобално движење за независност. Економијата страда, па екстремната десница со расизам и ксенофобија се качува на политичката скала.

Сунил се врти кон уличната фотографија за уште еднаш да управува со животните искуства во нов град. Запишан е на мастер за фотографија и почнува да го истражува лондонскиот еквивалент на Вест Вилиџ, фотографирајки на Ерлс Корт, Кингс Роуд и Вест Енд.

„Апаратот го носев насекаде затоа што се школував и можев по цели денови да лутам наоколу.“

Делата од оваа негова иницијатива се основа за книгата Сунил Гупта: Лондон ‘82.

Но, Лондончани не биле отворени за соработка како Њујорчани. Од овие причини, Сунил почнува да опфаќа пошироки кадри. Ова излегува среќа во „несреќа“ затоа што успева да го фати Лондон во сета негова вообичаеност во таа деценија.

„Се откажав од приватниот фокус на суб-културите затоа што не беа видливи и почнав да сликам секакви луѓе што ќе ми паднеа во очи: луѓе во боја, пензионери, деца. Многу поширок потег со четка е отколку сликите од Њујорк, кога ќе размислам и станува еден момент во времето. Британија во ‘70-те беше тешка под конзервативната власт на Маргарет Тачер.“

Во продолжение, времеплов за Лондон во ‘80-те:

 

14 декември 2021 - 11:53