„Селаните, кои се подготвени да го споделат својот скромен дом со туѓинци, живеат во рамнотежа помеѓу реалноста и кошмарот“ - вака напишал американски фотограф во писмо од 1971 во текот на неговиот шестмесечен престој во Македонија. Од тука заминал со преубава збирка фотографии, која покажува колку ни била убава земјава, полна со живот, смрт и врколаци. Не како денешнава, напредна.