Во Шпанија на 6 јануари (Богојавление) многу се слави празникот на Светите Три Мудреци (Трите Крала) кои според Евангелието на Матеј, на тој ден од Истокот следеле една ѕвезда и дошле во Витлеем за да му се поклонат на младенецот Исус Христос и да го даруваат со злато, темјан и смирна.
Во повеќе шпански градови се одржуваат паради на кои луѓето се облекуваат како Трите Мудреци и шетаат по улиците, но често има и спорови околу толкувањето на ликовите.
Тројцата Мудреци се претставени како: Мелхиор, Каспар и Балтазар. Според раните легенди, а разните претпоставки и подоцнежните уметнички претстави, Балтазар бил крал на Арабија, Мелхиор бил крал на Персија а Гаспар од Индија.
Во Шпанија улогата на Балтазар најчесто ја игра бел човек кој во црно го фарба своето лице.
Откако Иниеста ја објавил оваа фотографија на која е неговото најтесно семејство на социјалните мрежи Твитер и Инстаграм, многу корисници барале од него да ја тргне и го обвинувале за расизам. Други, пак, го бранеле Андрес. Објавениот пост со фотографијата на Иниеста имал околу 32.000 лајкови и близу 4.000 ретвита.
„Ова е одвратно. Веднаш да го избришеш постот“, пишува еден корисник а друг додава: „Мислам дека ќе изгубиш многу црномурни поклоници поради свои глупости“.
Од оние кои не гледаат расизам во тоа што бел човек се обоил во црна боја за да изгледа како црномурен, еден коментатор вели: „Зошто не престанете да барате расизам во секое ќоше? Подобро правете нешто позитивно.“
Најголема критика до човекот кој на Шпанија и донесе светско злато во 2010 година на Мундијалот, бил новинарот на BBC Radio 1 Extra, Ник Брајт.
„Не можам да поверувам дека во 2019 година познати луѓе или нивното опкружување прават „блекфејс“ и твитаат за тоа. Кај ти се пријателите, Иниеста? Зар никој не кажа: „Андрес, мислам дека ова не е ко што треба брату.“
I cannot believe in 2019 famous people are still doing or are around people doing “blackface” and tweeting it, where are your friends Iniesta?! Didn’t anyone say “Andres, I don’t think this is the one bro” 🙄🤦🏻♂️ https://t.co/KQ3vzWWTPE
— Nick Bright (@NickBrightDJ) January 6, 2019
34-годишниот Андрес кој во моментов игра за јапонскиот клуб Висел Кобе се извинил за постапката.
Со исти обвинувања се соочи и Антоан Гризман во 2017 година. Францускиот центафор за еден маскенбал се маскирал во кошаркар на славниот шоу тим „Харлем Глобтротерс“ од ’80-те години. Гризман тогаш ја обоил целата кожа со црна боја и предизвикал бурни реакции поради што тој ја избришал фотографијата и се извинил.
***
Блекфејс датира од американските претстави и шоуа од XIX век во кои белите глумци го мачкале лицето со црни бои за да глумат црномурни луѓе во претставите и неретко да ги исмеваат црнокожите робови.
Тие претстави престанале да бидат актуелни во средината на минатиот век но „блекфејс“ и натаму предизвикува остри реакции без разлика дали луѓето тоа го прават со цел да глумат нешто и без некоја скриена намера.
Расизмот и натаму е една од најважните и најактуелни проблеми на човештвото кое секојдневно се соочува со расистички испади дури и од јавни лица и политичари.