Таг: андрес иниеста

Како Роналдињо на итар начин ја тестирал соблекувалната на Барселона дали има шпиуни?

Човекот кој не открива тајни се вика Андрес Иниеста, а Роналдињо се служи со финти во стилот на Џаро.

Сме остареле а?

Андрес Иниеста вчера и официјално го соопшти крајот на играње фудбал, што секако не ни е по ќеиф, бидејќи беше празник за очи да се гледа. Ја криеше топката. Да е само тој. Што фудбалеришта се одјавија од терените низ годиниве, да не може да ги донаброи човек. Еден куп легенди и идоли на многу генерации.

Емотивно збогување со фудбалот на Иниеста

После 24 годишна величествена кариера во која освои 35 трофеи од кои 29 со Барселона, 3 со Висел Кобе и 3 со Шпанија, великанот на фудбалот Андрес Иниеста ја завршува играчката кариера на 40 години. Што е за тебе фудбалот? Одговорот на Иниеста е солзи. Во емотивното видео за него зборуваа Луис Енрике, Пеп Гвардиола, Луј ван Гал, Висенте Дел Боске.

Моќна промоција на новиот дрес на Барса со Роналдињо, Иниеста и Пујол

Инспириран од наследството, патеката и корените на клубот, Најк произведе дрес за новата сезона на Барселона во ретро верзија, кој потсетува на оној од 2006/2007. Под грбот стои логото на најголемиот спонзор на клубот „Spotify“. Во уникатното видео се појавуваат три ѕверки.

Прекрасни сцени во Јапонија, цел стадион му пее на Иниеста

Андрес Иниеста и навивачите на Висел Кобе очигледно многу се поврзаа во изминативе 5 сезони. Шпанецот тоа и го истакна на последниот меч викендов кога зборуваше за љубовта која му ја дале. Заминува со стоплено срце и многу емоции. Испраќањето беше фантастично.

Јапонците го испратија Иниеста како великан

По пет години престој, шпанскиот уметник со топка, Андрес Иниеста ја завршува јапонската авантура во Висел Кобе. Му приредија величественото испраќање со сите нишани.

Како изгледаше играта на Барселона со Меси, Чави и Иниеста

Едниот е во Париз, другиот во Катар, ама на пат за назад, а третиот во Јапонија. Тоа што го правеа заедно треба да се предава како посебен предмет. Само љубоморен фанатик по фудбал знаеше да каже дека нивното било досадно. Уметност број 1, која многу тешко се достигнува.

Во Битола Иниеста би го викале Сефо

Јапонците се привилегирани веќе четврта сезона во живо да го гледаат доктор Андрес Иниеста кој на 37 години меша на терен како да е едно 10 години помлад. Сите негови убави потези од дуелот Висел Кобе - Оита Тринита ги стокмиле во 83 секунди.

Во Шпанија нашле нов диносаурус и го нарекле по Иниеста

Легендарниот фудбалер на Барселона и репрезенацијата на Шпанија веќе одамна влезе во легендите.

Незапирливиот и неповторливиот Иниеста на ЕП 2012

Дај му ја на Андрес и топката е во сеф. Европски првак 2008, Светски првак 2010, Европски првак 2012. Што повеќе од тоа? Играше со леснотија и елеганција, а Шпанија сега нема ваков шампион.

Најдоброто на Иниеста од 2020-та во една минута

Ништо не му значат тие 36 години бидејќи дечкото за фудбал користи мозок. Во неговите игри владеат интелигенција и елеганција. Едноставно Андрес е уметник со топката и на Јапонците треба да им е чест и привилегија што го имаат во залезот на кариерата.

Иниеста и на овие години е подобар од пола Барселона

На јапонскиот Висел Кобе не му цветаат рози во домашното првенство каде имаат 5 порази по ред и не знаат за бод уште од пред месец, ама па затоа во Азиската Лига на шампиони играат добро. Го победија кинески Гванжу Евергранд на гости со 1-3 а Иниеста (37) го постигна последниот гол.

Ни недостига Иниеста во ЛШ

Дечки толку е со репрезентации за годинава. Следува викендашки клупски фудбал, па Лига на шампиони и тоа три недели со ред. УЕФА почна да провоцира на Твитер и тоа со видео на професор доктор Андрес кога пред 8 години му се сипаа тројца од Спартак Москва.

Акцииште и гол на Иниеста како на Камп Ноу

Еден од најдобрите играчи од среден ред во изминативе 15 години дроби уште и на 36. Јапонија му лежи веќе трета година. Е како нема да му лежи кога зборуваме за доктор Андрес Иниеста.

Нема зима за Иниеста, уште дава голови ко на тренинг

Во 18. коло од јапонската Џеј-лига, Висел Кобе на полувреме води 2-1 против Саган Тосу. Вториот гол за домаќините дело на ветеранот Андрес Иниеста кој игра фудбал како во најдобрите денови.

Иниеста им се јави на децата родени благодарение на неговиот гол со Челси

Во 2009-та година Пеп Гвариола во дебитантска сезона на клупа на Барселона освои тројна круна: Ла Лига, Куп на Шпанија и Лига на шампиони. Многумина тврдат дека таа екипа на Барса го играше најубавиот фудбал на сите времиња.

Кога Иниеста заигра во Струмица против Пандев и екипата

Малкумина го паметат натпреварот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години против своите врсници од Шпанија кои неколку месеци подоцна се качија на кровот на Европа.

Кога ќе те најде доктор Иниеста од пола терен

Ти ја мислиш акцијата на сам почеток, а тој после второ додавање на позиција на бек ја прима и со неговиот програмиран мозок за делење топки со очи, мести гол. За шах потегот да се претвори во мат се погрижи неговиот соиграч кој ја заврши многу паметно.

Барселона сака да ја спаси сезоната со Чави, но легендата ги одбила

На последните пет меча Каталонците имаат само една победа: нерешено со Сосиедад, неубедливо Ел Класико (0:0), нерешено на дербито со Еспањол (2:2), и последна капка која ја преполни чашата е испаѓањето од Супер купот на Шпанија од Атлетико Мадрид.

Нов гол на доктор Иниеста, никогаш не старее

Неговиот Висел Кобе во полуфиналето на јапонскиот Куп на Императорот, со 3-1 го совлада Шимицу Пулсе, а Андрес Инеста го отвори резултатот уште во 13’ минута. За трофејот Иниеста и другарите ќе се борат на 1. јануари во финалето на Купот.

Најубавите голови во деценијата од 2010 до 2020

Како што се наближува почетокот на 2020-та година, така полека може да се заокружи циклусот на најпознатите фудбалски погодоци во изминатите 10 години. Речиси сите се познати, а има и некои кои сме ги подзаборавиле.

Невозможна асистенција на доктор Иниеста

Додека многу играчи од неговата генерација се збогуваа со фудбалот, 35-годишниот Иниеста и натаму држи фудбалски лекции. Против Висел Кобе денес имаше 2 асистенции и гол.

Каков фраерски пенал на Иниеста

И докторот за фудбал може да се случи да промаши пенал, ама гледај враќај му ја и друг пат на нога. Си бира со која сака. Каква играчина.

Нова мајсторија и преубав гол на Иниеста во Јапонија

Висел Кобе со високи 5-3 ја совлада Нагоја во јапонското фудбалско првенство. По два комада дадоа Давид Виља и Иниеста, а овој вториот постигна гол со што ја збогати колекцијата убави моменти од неговиот престој во Јапонија.