Таг: андрес иниеста

Нов страшен гол на Дон Андрес Иниеста

По магијата што ја направи пред неколку дена кога го даде првиот гол во Јапонија, Андрес Иниеста денес го постигна и вториот гол во дресот на Висел Кобе. И тоа каков гол!

Чудесија од гол на Иниеста во Јапонија

Волшебникот Иниеста го постигна својот првенец во новиот клуб Висел Кобе кој славеше 2:1 против Ивата. На асистенција на Лукаш Подолски, Иниеста направи маестрален потег.

16 години го користеше тоа шкафче

Колку беше голема поврзаноста меѓу Барселона и Андрес Иниеста покажува и тоа што го снимиле како само тажно се разделува и со шкафот во соблекувална. Последниот предмет кој го извади од таму е полначот за мобилен. 

Иниеста колку Рома и Манчестер Сити заедно

Дајте ми ги Челси, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Рома па да видиме кој е појак. Им рече најтрофејниот шпански фудбалер на четири големи клубови од Европа.

Каков цар е овој Иниеста

Освен што е господар со топката и верен на Барса 22 години, тој е пред сè скромен дечко кој никогаш не игра валкано и не се плетка во инциденти. Погледнете што направи по крајот од неговиот последен меч на Камп Ноу. Значи место тие него, тој лично зема да им се оддолжува на навивачите кои прославија со него 32 трофеи.

Иниеста и неговиот крај на Камп Ноу во 00:55

Што значи да се врзеш за еден клуб, еден дрес, едни навивачи и еден ист стадион покажува овој неверојатно емотивен момент за Андрес Иниеста. Таму каде што сè започна, синоќа и заврши.

Кој ќе дели во иднина вакви топки со очи во Барса?

Тоа што Барса е шампион не значи дека треба да застане да игра. Синоќа го почастија Виљареал со петарда и сегаат имаат скор од 27 победи, 9 нерешени и 0 порази. Него што правиме со прашањето од насловот? Кој ли ќе му прави на Меси вакви асистенции од следна сезона? Овие топки се за во учебниците.

Каков мангупски потег на Иниеста по Ел Класико

И два дена по најпопуларното дерби во светот, има што да се издвои и истакне кога во прашање се фудбалски великани како Андрес Иниеста. Дресот од неговото последно Ел Класико му го даде на својот клупски ривал и репрезентативен колега со години, Серхио Рамос. По толку нервози и напнатост на терен од рацете на капитенот во рацете на другиот капитен кој сподели на Твитер. Епа браво момци.

Две легенди, една прегратка

Покрај контроверзното судење и рекордот на Меси и Роналдо, на Ел Класико има уште еден момент за одбележување, многу јак од кој треба да учи секој играч особено тие што се скарани со „респектирај го противникот, односно легендите“.

Андрес ќе ти купиме 6 милиони флаши вино, ти само дојди кај нас

Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на фудбалот по завршувањето на сезонава станува слободен играч. Тоа во превод значи дека ќе фрчат понуди од најбогатите, кои освен огромна плата, му доставија и една необична понуда.

16 години игра фудбал на светско ниво и пак е на земја

Четири дена по тажниот и емотивен прес на Андрес Иниеста, медиумите не застануваат да му даваат внимание и простор. Тој тоа целосно го заслужува, не затоа што е врвен фудбалер со 32 трофеи, туку затоа што е пред сè човек. И тоа многу скромен.

Само Иниеста може да повреди играч со дриблинг

Виртуозот со топката и еден од најдобрите и најпаметните плејмејкери во историјата, вчера имаше емотивно збогум со Барселона. Што и да издвоиме од него ќе погрешиме бидејќи секогаш се наоѓа нешто појако. Изборот ни падна на еден волшебен потег против Осасуна.

Иниеста сакал да го пропушти Светското на кое ѝ донесе злато на Шпанија

Во еден од најтешките периоди од животот кога мислел дека сè околу него е темно, Иниеста дознава дека неговиот добар другар Даниел Харке - капитен на Еспањол, умрел по срцев удар. Му се руши светот но решава да се бори и дава гол во финале на Светско.

Барселона: Ти благодариме засекогаш Андрес Иниеста

Тажен ден во Барселона. Завршува 22 годишната врска со Иниеста, мозокот на тимот кој им донесе 31 трофеј. Каталонците не знаат како да му се заблагодарат, а тој едвај зборуваше на пресот.

Солзите на легендарниот Иниеста и чудесната Барса

На завршната церемонија за победникот во шпанскиот Копа дел Реј по традиција пехарот го креваат капитенот и заменик капитенот, но овојпат Лео Меси го отстапи местото за големиот Андрес.

Иниеста и Меси, онака фраерски

Ги сакале или не, мора да признаете дека друг никој не игра ваков врхунски фудбал на толку мал простор. Технички изведено до перфекција. Џабе им се усукаа тројца, па макар тоа е и една Валенсија која е без пораз сезонава во Шпанија.

Иниеста и Буфон одговараат на исти прашања

Две фудбалски легенди седнати на заедничко интервју во пресрет на вечерашната мега пресметка меѓу Јуве и Барса на Алијанц арена. Ги прашуваат за нивните идоли од детството. Андреа одговара: Гвардиола и Лаудруп, а Џиџи: голманот на Камерун, Томас Н`Коно кој го гледал на СП 1990 и поради кој станал голман. До 12 години открива дека играл во среден ред.

Најверните 8 фудбалери од најсилните европските лиги

По 24 години Франческо Тоти и Рома се разделија. Има и други играчи кои им одолеале на понудите и останале во ист дрес покрај истите навивачи, но никој толку време како него. Ова се осуммината актуелни фудбалери од кои треба да се учи лекцијата по верност.

Дечкото кој се инспирираше од слаломот на Меси

На акцијата која и претходеше на вториот гол на Барселона против Еспањол никој не остана рамнодушен. Иниеста почна, а Меси ги дотолчи противниците кои летаа како мали деца. Слично нешто се случи на аматерски меч во Шпанија.

Само Иниеста и Меси може вака да понижат пола тим

Ако изброивме добро во акцијава на Барселона која ја заврши Суарез со гол, Иниеста и Меси успеаа мајмуни да направат 7 фудбалери на Еспањол, значи пазете 7, а Иниеста прво се лизна.

Андрес Иниеста преку одличниот опис на Меси

„Најтешкото нешто во фудбалот е да се направи да изгледа дека се е лесно, без напор. Тоа е Андрес“.

Шпанија зема залет, Нолито и Мората решетаат

Вториот меч од групата Д заврши со убедлив триумф на Црвената фурија над Турција со 3:0. Шпанците им се придружија на Италијанците и Французите во осминафиналето.

Единствениот стадион на кој му свират на Иниеста

Стадионот Сан Мамеш во Билбао важи за најтешкото гостување во Шпанија, но и за единствен стадион на Пиринеите на кој му се свири на великанот Андрес Иниеста, човек насекаде дочекан со аплауз.

Парадоксот на Златната топка

Според англиските букмејкери од Вил Хил, најголеми шанси за освојување на наградата најдобар играч во 2015-та година им се даваат на фудбалерите за кои знаат и врапчињата на гранките, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, така што бесмислена е секоја листа на кандидати.