Ниту еден играч овде не се ставен по случајно. Се работи за избор на УЕФА, а главен критериум е да не играле во ниту една друга екипа во кариерата, па макар ниту на позајмица. Осум најверни фудбалери од осумте најсилните европски првенства.
ДАНИЕЛЕ ДЕ РОСИ (Рома, Италија)
Вториот симбол на Рома се вика Даниеле Де Роси кој настапува на Олимпико од 2001-ва. Италијанскиот репрезентативец е еден од ретките миленици на навивачите, а како да не им биде бидејќи договорот со Рома го продолжи на уште две години. Ако реши да се пензионира во 2019-та, тоа ќе бидат 18 сезони посветени на еден клуб.
АНДРЕС ИНИЕСТА (Барселона, Шпанија)
На 33 години на иднината во истите бои размислува и легендарниот плејмејкер кој ја игра 16-та сезона во Барселона. Чави е 4 години постар од него и реши да замине во Катар, но Иниеста сака да ја заврши кариерата на Камп Ноу. Зборуваме за човек со 30 трофеи, освоени со еден ист клуб.
ТОМАС МИЛЕР (Баерн Минхен, Германија)
Во Минхен е од 2000-та во младинската школа, а од 2008-та во прв тим. Има 27 години и ако успее да игра до 40 како Тоти може да стигне до 22 години кариера во Баерн.
ЕНДИ КИНГ (Лестер, Англија)
Реши да остане во Лестер иако знаеше дека бајката со Раниери не се повторува. Растеше во младинците на Челси, потоа на Лестер, а следната ќе му биде сезона број 11. Игра во среден ред и има 363 настапи и 54 гола.
ЛОИК ПЕРИН (Сент Етјен, Франција)
Има 31 година и 14 сезони во Сент Етјен, градот и клубот каде израсна. Во 2012-та го освои Купот, а ако остане да игра до 40 години ќе стигне до 23 сезони со тимот кој го носи во срцето.
ИГОР АКИНФЕЕВ (ЦСКА Москва, Русија)
Беше 25 ноември 2014-та кога Рома и ЦСКА Москва се сретнаа во ЛШ. Во 43-та минута Тоти со силен удар од слободен го совлада симболот на ЦСКА. Кран не го дига од Москва каде во младинскиот сектор се приклучи уште во 1991-ва, а во прв тим е од 2003-та.
РУИ ПАТРИСИО (Спортинг Лисабон, Португалија)
Голема верност меѓу голманите покажува и Португалецот кој дебитираше во Спортинг Лисабон на 18 години. Во моментов е трет фудбалер со најмногу настапи во историјата на клубот, а следната година ќе му биде 12-та сезона.
ЈАРОСЛАВ РАКИТСКИ (Шахтјор Доњецк, Украина)
На 3 август Ракитски ќе наполни 28 години и ќе биде спремн за 9-та сезона во Доњецк. Игра во прв тим од 2009-та, истата година кога дебитираше и за репрезентација.