Таг: игор акинфеев

По заминувањето на Меси кои се сега најверни играчи во Топ 10 лигите?

Во април 2020-та, реномираниот германски сајт Transfermarkt објави рејтинг од најверните фудбалери во најдобрите Топ10 лиги во Европа. Половина беа од шпанска Ла Лига, но во август 2021 од таму има само двајца.

Најверните фудбалери во Европа - само еден клуб цела кариера, повеќе од една деценија

Трансфермаркт состави рејтинг од најпреданите, најлојални фудбалери во современиот фудбал. Во првите топ10 дури 5 се од Ла Лига.

Кога ти е оваа одбрана Игоре?

ЦСКА Москва сезонава е тапа џонс во Лига Европа и синоќа стигна до првиот освоен бод. Ференцварош - ЦСКА 0:0, благодарение само и само на Игор Акинфеев.

Голманот на ЦСКА кој навива за Реал

ЦСКА го победи Реал со 1:0 во меч во кој домашниот голман Игор Акинфеев доби црвен картон во 90+4’ минута поради приговор. Романскиот судија Овидиј Хацеган му даде прво жолт карон а после и црвен поради приговор. Во игра тогаш влезе резервниот голман и навивач на Реал Мадрид Георгиј Кирнац наместо Иван Облјаков.

Бидна и тоа, Акифнеев не прими гол во Лига на шампиони

Од 1. ноември 2006 до 25. јули 2017. Толку време (речиси 11 години) траеше серијата на примени голови во Лига на шампиони на голманот на ЦСКА и Русија.

Браво Игоре, ова не го брани секој

Со голот на Кристијано Роналдо, Европскиот првак ја совлада Русија со 1:0. Во 50-та минута требаше да биде 2:0, но Андре Силва пред себе ја имаше руската голманска легенда, Игор Акинфеев кој не е од вчера. Рефлекс за аплаузи.

Најверните 8 фудбалери од најсилните европските лиги

По 24 години Франческо Тоти и Рома се разделија. Има и други играчи кои им одолеале на понудите и останале во ист дрес покрај истите навивачи, но никој толку време како него. Ова се осуммината актуелни фудбалери од кои треба да се учи лекцијата по верност.

Акинфеев во епизодата прашај паталец не гаталец

Најдобриот руски голман од 2003. година е незаменлив на голот на ЦСКА Москва и руската репрезентација, но тој има сериозен проблем што цели 10 години ниту еднаш не ја сочувал мрежата во Лигата на шампионите и примал гол на 40 средби по ред.

Акинфеев бранеше зицери за титула на ЦСКА

Фудбалерите на ЦСКА Москва во последното коло ја освоија титулата во Русија, откако со голот на Алан Џагоев победија на гости против Рубин Казан. Во исто време славеше и Ростов 0:2 против Терек, така што на ЦСКА и одговараше само победа. Во последните минути ги спаси легендарниот голман Игор Акинфеев кој одбрани неодбранливо. Динамо Москва првпат во историјата испадна од првата лига после поразот од Зенит 0:3.

Сите гревови на Игор Акинфеев

Рускиот репрезентативен голман и капитен на ЦСКА Москва, последен пат ја сочувал мрежата во Лигата на шампионите на гостувањето на Емирати против Арсенал на 1. ноември 2006. година. Оттогаш досега прими гол на 36 натпревари по ред во елитното натпреварување.